Среда, 16 Декември 2015   
Од печат излезе и вториот дел на книгата: Моите патриотски написи во Австралија од активноста во македонското движење (втор дел)

moite-patriotski-napisi

Оваа книга ја посветувам на моите родители: Иван Томов Ангелов, роден во 1888 година во Крушево, учесник во Илинденското востание во 1903 година, како борец и курир на Главниот револуционерен штаб, на релација Крушево – Смилево – Крушево, раководен од лидерот на ВМРО Дамјан Груев и претседателот на Крушевската Република Никола Карев. Татко ми Иван (Јован) е носител на значката Илинден од Илинденската Македонска организација во Софија.

ivan-tomov-angelov
Иван Томов Ангелов од Крушево (1888 – 1956) за време на веридбата во 1917 или 1918 година, како војник во Првата светска војна со мајка ми Анета Георгиева Потарова од Струмица (1896-1973).

Како продолжеток на првиот дел од оваа книга, која е со ист наслов, публикувана во ноември 2015 година, продолжувам да ви ги преставувам моите публикувани статии, во списанието Македонска нација и извесен дел кои ги праќав редовно на 600 и-маил адреси, на мои ценети читатели, од 2011 година.Темите се слични и адекватни, актуелни и акутни, во времињата на настаните, од националени, политички, историјски, јазични, организациони и со слични патриотски карактеристики, овој пат пишувани на Македонска Кирилица.

Информациите за написите-статиите се користени од македонските дневни,  изданија и од соодветните интернет изданија, а и од австралијските ТВ и дневни медиумски изданија. Ова е интелектуална помош, од патриотското иселеништво, за подршка на прогресивните политички партии на власта и нивните институции, на Република Македонија. Исто така и подршка на Македонски национални, политички организации и организации за Македонски човекови права и слободи, специјално на автори со слични актуелни содржини, а кои се членови на невладини Македонски организации, во републиката, етничките делови на Македонија и од иселеништвото-диаспората.

Политичките партии на Република Македонија, имаат свои медиумски изданија и  ТВ куќи, кои се опозициони, при нивните публикувања, а  кои служат за информирање на  нивните членови и македонскиот народ кои ги подржува на парламентарните и локалните избори. Медиумските  Македонски неделни изданија на иселенишгтвото, исто така се поделени-опозициони, но со послаб интензитет. Моите написи-статии во принцип не се публикувани во поменатите Македонски медиулски изданија, исто како и соодветни статии на мои соработници и колеги, кои ги има мал број, со што нее можно да дојдат до поголемиот интелектуален и загрижен Македонски народ, кои имаат услови за подршка и просперитет на Македонската кауза.

За моите пишувања и публикувања, кои ги наменувам и доставувам  претежно до интелектуални читатели, а кои ќе ги прочитате и во оваа книга, за поцелосно информирање, ке се послужам со дел од следниот мој цитат, од статијата: Потребна почит и кон пионерите на македонското движење во диаспората:

“Народот се гледа и расудува за доброто и лошото. Ако некој не ги сака и не ги користи патриотските и историјски дела од македонските автори, тој автоматски е противник на Македонизмот. Тој кој е противник на својата вистинска национална историја, сокривајки   ги и негирајки ги нејзините факти, тој му служи на  македонскиот непријател, кој ја негира и Република Македонија  и националниот Македонски идентитет. Без разлика од која страна доаѓа непочитувањето кон патриотите, посебно на старите пионери на Македонското движење во диаспората, било од опозиционите партии или од ВМРО-ДПМНЕ, е исто или многу слично. Без читање  и слушање, односно примање-усвојување на пораки, предлози и сугестии, од постарите патриоти, кои биле лидери на Македонски национални и политички организации,а не се огрешиле на Илинденските идеали, за одредени актуелни и акутни проблеми, кои го скратуваат времетаењето за нивното решавање и кои придонесуваат за поквалитетно и поадекватно решавање, се одразувало, а и во иднина ке се одразува негативно врз поголем број на Македонци и нивните сограѓани”.

Поедини Македонски автори од диаспората, на национални, политички, историјски и огранизациони  стати, известувања и актуелни барања со конкретни предлози до политичките партии на републиката и нејзините институции, публикуваат во поедини интернет изданија, теми на англијски јазик, додека на Македонски скоро и ги нема таквите пишувања, бидејки не го користат Македонскиот литературе јазик. Обично темите се за очувување на македонската националност и сувереност, за неменување на уставнпото име на Македонија. Сите ние ги опоменуваме за последиците на нивното сменување на уставното име, кое е катастрофално за сите нас Македонци. Така многу од темите, на овии мои статии, содржат критики кон опозиционите партии, а и понекои на актуелната власт, а најповеке на лидерите на ЕУ и нивните институции, кои отворено ги уценуваат политичките партии на Македонија, за прифаќање на друго национално име и име на суверенитетот. Очито тие од Европската унија и меќународната заедница, го спроведуваат својот план, користејки ги своите членови  како Република Бугарија и Република Грција,кои настојуваат да не се признае ништо Македонско, со најавените вета, за да не се зачлени Република Македонија, со своето Уставно име во ЕУ И НАТО.

Цената на книгата е 20 Австралијски долари за примерок, во која е врачуната и цената на поштарината само за Австралија. Во пратката со мани одер, да ја ставите вашата точна поштенска адреса, евентуално број на телефон или и-маил адреса.

Информации за набавка на книгата до:

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  или со уплата со мани одер, преку пошта на:

Janko Tomov

P.O. BOX 285

TAIGUM – L P O

TAIGUM QLD 4018

AUSTRALIA

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.