Крај Прилепа град, во Ореовец село во илјада девесто петнаесетото лето Дончојца Ацева родила машко дете името го доби од деда си Мирче.
Да се бие за мир и слобода тој наследник да биди, на дедовците свој за национално право да се бори македонска држава да се створи.
Порасна Мирче, здраво и бистро момче со торбето на рамо влезе во школското дворче за наука на Мирче петки му ставаа на неговите другари тој помош му дава.
Татко му Данчо на срце му тежи осуден од властите в зандана лежи за студенските години протести прави македонските национални интереси ги брани.
Џандарите по трагите му одат жив Мирче да го фатат приморан е тој илегално да оди од таму национална борба да води.
Ја крстари тој Македонија цела го припрема народот за револуција смела за консултација во Прилеп е пратен откриен од власите, во Велес е фатен.
Во истражен карцел во Скопје го носат повеќе нешто од него да дознаат ни името таму не си го кажа и наредија тие на својата стража.
Низ прозорот Мирче да го фрлат вниманието во јавноста да го свртат од пенџерот рипна сам се уби испитуваното дело за да се загуби.
Под прозорот Мирче мртов лежи со откорнати нокти и искубани коси на нозете еден чорап носи со животот Мирче тука се прости.
Префрлен е тајно во прилепските гробишта насобран народ почит му одават со наведнати глави и расплакани лица од нивните очи крвави солзи течат.
Плачат деца, ни умре саканата маалска баба ни остави таа нас голема тага дојдовме овде почит да í дадеме кај Бога нејзе праведна да ја пратиме.
Мирче Ацев е народен херој бронзената биста, со ликот негов краси низ Македонија стихови и песни звучат младите генерации од него нека учат. Томе Велјановски - Марулецо Гетеборг - Шведска |