|
|
Нападот од Каракамишева за младите нови македонски емигранти ОМД и поединци од диаспората го користат за политички цели против ВМРО-ДПМНЕ |
Пишува: Јанко ТОМОВ, јануари 2016 Мето Колоски претседател на Обединета Македонска Диаспора (ОМД), кој мисли дека диаспората го подржува во неговата Македонска националнополитичка активност, постојано прави гафови, кои му го намалуваат авторитетот за напорите со застанување пред македонското иселеништво, за афирмација на македоинската националност, култура и сл.,како обединителна алка на диаспората, со родна Македонија. ОМД. посебно со контакти и зголемување на Американски Конгресмени во групата “Пијатели на Македонија”, кој покрај поголемиот број на Демократи, кои го кочат напредокот на републиката, нарочно непризнавањето на уставното име и со тоа членство во НАТО и ЕУ, како и признавањето на сувереното име од страна на Обединетите нации, има Конгресмени и од Републиканската партија на Америка, од кои се очекува поправилен третмант на Република Македонија, доколку ги добијат изборите во о.г. Од време навреме слушаме за некои коментари во врска со извесни навреди од страна на Проф. по Уставно право г-џа Тања Каракамишева Јовановска, за извесно навредување на новите македонски емигрант-интелектуалци, со написот “Мујо од Канада” во колумата на “Дневник”. Деновиве сме сведоци дека Мето Колоски од ОМД, ми се чини дека званично со тој гест подаде рака на социјалдемократите –СДСМ, факајки се за едн збор кој се однесува за младите Македонски интелектуални кадри, дека не би требало да ја напуштаат републиката и да бараат работа во државите на западната хемисвера. Како факт е дена написот на ОМД е публикуван само во антивмровскиот весник “Утрински весник”, кој скоро целосно ја подржува комунистичката СДСМ, одредена да по секоја цена и по цена на сменувањето на уставното име на Македонија, дојде со неуставни закани на чело на владата на републиката. Колоски вели во написот “НА ИЗВИНУВАЊЕ ОД КАРАКАМИШЕВА НЕ СЕ НАДЕВАМЕ”, публикуван во “Утрински весник” на 11 јануари 2016 година. Меѓу останалото, кога спомнува дека во иднината секако постоеле индикации во Р.М., да одговорат на извесни напади на Македонски млади интелектуални иселеници со тоа да таквите како Каракамишева, професорка по парво на универзитетот во републиката, која е една од бранителите на Уставот на Македонија, Колоски си зема парво да ја деградира со неговиот закључок: “Во најмала рака потребно е да и се одземе академската титула поради неморално и непрофесиомално однесување, поради ширење лаги и навредување”! По мое моислење Колски и ОМД, каде е веќе 10 години претседател, патриотската диаспора, очекува сеуште од него, да се извини за посетата на Киро Глигоров, поранешен претседател на Р.М., кој направи голема штета за признавање на уставното име на Македонија, правејки ги македонците за наводни доселеници од Задкарпатите во 5-6 век после Христа, во ОН во 1993 година, кога се примаше Р.Македонија за членка. Тогаш Колоски, пред смртта на Глигоров, му поклони благодарница од името на ОМД, што со тоа ја прокламира наклонетоста кон него и кон СДСМ! Зошто Мето Колоски и ОМД не реагираат и не ги подржуваат написите на Македонски автори,од диаспората на Македонски и на Англијски јазик, како и на моите написи, вперени до ВМРО-ДПМНЕ, за неглектирање – запоставување, а секако со тоа и негирање на Македонското движење од диаспората-патриотрското иселеништво, отпочнато со активност одма после Втората светска војна!? За кое движење познати поединци, како Драган Богдановски идеолог за македонската борба за осамостојувањето на Република Македонија, од комунистичко-социјалистичкиот систем на СФР Југославија и СР Македонија и идеолог и оснивач на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници, што ги дадоа своите животи и најскапото драгоцено време за осамостојувањето на Македонија и за воведувањето демократски поредок, како во западната хемисвера!? Зошто ОМД и поедини про-социјалистичко-комунистички Македонски организирани субјекти и познати поединци, во диаспората-Австралија, Канада, САД и Европа, не ги спомнуваат ниту ги признаваат македонските национално-политички организации, како што беа: МАК, ДОМ, ДООМ, ТНМРО, МНРО, НОФМ, ДПМНЕ, а се темел-основа за ВМРО-ДПМНЕ, во 1990 година и неговото пренесување од диаспората во Македонија.Македоските лидери И раководства на тие национало-политички партии, кои со својата патриотска активност во диаспората, придонесе за воведување на плуризмот во републиката и пидонесоа за осамостојувањето на Република Македонија, на мирен начин преку референдумот на 8 септември 1991 година? Зошто ОМД, во својата национална рограма (што ја нема), нема ниту своја библиотека, од Македонски автори на историјски дела (од Праисторијски , Антички, Средновековни и написи од современата Македонска историја), како и од написи од актуелни национално-политички карактери!? Читајки како ОМД собира доброволни приходи, од своето членство, со десетици иљади долари, а Македонските автори на историјски и патриотски дела немаат од никого материјална и финансова помош, при публикувањето на нивни авторски дела, а потрошиле огромно време од љубов кон родна Македонија, како и сите финансијски заштеди и од скратени лични потреби и задоволства, а од друга страна незнам како да ги окарактеризираме тие Македонски раководста, кои прават секојдневни трошоци, како дневниците и патните трошоци на амбасадори и конзулати, а посебно на владици и на метрополити на МП Епархии. Покрај трошењето тие верски лидери, заблудени финансијски, се задолжени со милиони Австралијски долари, за судски трошоци, напаѓајки се едни со други, а кои наложуваат се што е изградено со раката, трудот и љубовта кон македонизмот, на македонските иселеници, за сочувување на својата Македонска националност и Православна вера во мултикултурните и мултинационали општества , каде зивеат и се раѓаат. |