|
|
Огнови - Гордана Димовска |
Автор: Гордана Димовска Огнови Огнови разгорени, силни Расфрлаат искри со возбуда, радост, убави желби и надеж за подобро утре. И денес спомни си за големата добрина и ука На големиот Отец на црквата Христова, Да не заталкаш во погрешни правци Да не се изгубиш во немирни реки Да не ти остане душата ко пустина празна И жедна за духовна храна. Неговата рака ги хранеше сиромашните и гладни Ги поеше жедните за вода но и за ука, Се исправи силно против разодорот и ересот За да царува љубов и правдина во светот. И во негова чест паричка за среќа ставаме во лепче Традицијата да продолжи на секое парче македонска земја На секој континент каде Македонец гнездо свил Да биде светло катче полно со дарежливост и љубов Како што и тој бил, Големиот Отец, Свети Василиј Велики. И еве, светлината од пламенот на василичарскиот оган Се распослала над секој дом и стреа, Во родното огниште но и преку океани, мориња ширни. И секој миг исфрла се повеќе искри испраќа пораки врели, За Василица и годината што иде. Ги гали вжарените образи и милно шепоти во тивката ноќ Само да знаеш да се прикрадеш и чуеш нејзините тајни Ќе те свие во својата топла прегратка и исполни со моќ. |