Среда, 27 Јануари 2016   
Благодарници „Илинден“ по повод седумгодишнината од основањето на македонското друштво „Илинден“ - Тирана

ilinden-tirana-1

Претседателот  на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана  г-дин Никола Ѓурѓај, по повод седумгодишнината од основањето и плодната работа на друштвото, донесе одлука да додели Благодарници “Илинден”. Благодарницата се дава на лица за нивните особени заслуги за научниот и стручниот ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Предложените лица за добивање на Благодарница “Илинден” покажале особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција во албанија. Со тоа, помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Република Албанија и афирмација на Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана. Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана од неговото формирање на 06.02.2009 година во Тирана, Република Албанија континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија. Една од задачите на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана е и таа да ги следи и забележува значајните активности и ангажмани на одделни лица во поглед на создавање на благосостојба средд населението во Албанија. Според сознанијата што ги поседува Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана , се изготви листа на кандидати за добитници на Благодарница “Илинден”, од која се искристализираа неколку имиња.  Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:

- Вело Цфарку роден на 1935 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, потоа и средно, како и Педагошки факултет. Во тек на 15 години работел како учител по селата во Голо Брдо. Автор на книги, стати за македонското малцинство во Голо Брдо  Република Албанија.   Авторот Вело Цфаркуима значаен придонес за зачувување на македонскиот фолклор од областа Голо Брдо.  Книгите  ќе помогнат многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации на Македонците во Република Албанија. Книгите на авторот Вело Цфарку се “Голо Брдо во оптиката ан времето” 2007 година  “Еден живот со Дибраните” 2011 година “Голобрдски Фоклор 1” 2009 година помогнал  “Словенските Малциства во Албанија“  од авторите Клаус Штеинке од Германија и Џелал Ули,помогнал за книгата монографија за “Врница” и “Врница оптиката на времет” на автор Павли Никола, “Втор дел Голо Брдо Ербеле Грно Крчиште”  издавач Ото Сагнер Минхен Германија 2008 година.

Проф. д-р Илинден Спасе е син на познатиот албански писател од македонско потекло Стерјо Спасе. Тој е роден во 1942 година во Глобочани, Мала Преспа  каде го завршил основното образование, а дипломирал на филологија  на универзитетот во Тирана. Работел како учител, редактор, издавач на педагошкото списание на албански јазик (1970-2001), главен редактор на Издавачкиот Совет на Институтот за Педагошки Студии во Тирана, научен работник во Училишниот Департмен (сектор за историја на образование) во Институт за Педагошки Студии. Илинден Спaсе пишува на  македонски јазик и албански  јазик. Автор е на две збирки раскази. Тој е почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.  

-  Г-дин Ѓорѓија Џорџ Атанасоские роден на 18 февруари 1952 година во селото Марул, Прилеп Македонија, од татко Алексо и мајка Спасија во 1970 година Џорџ Атанасоски заминува за САД, кај својот постар брат Јосиф, тој е еден од најуспешните македонски бизнисмени во светот и претседател на Македонската алијанса во Македонија сопственик на Тв Сонце. По само пет години сложните браќа формирале своја фирма што подоцна ќе прерасне во голема компанија, седиштето на „Микрофлекс инк“ е во Ормонд Бич Флорида. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски долги години работи за Македонија, за Македонците и македонското прашање, обединувајќи ги македонските иселеници и Македонците во соседните земји со спонзорирање на социокултуролошки настани, вклучувајќи и фолк-фестивали, спортски настани и друго. Тој особено се грижи за Македонците во егејскиот и пиринскиот дел на Македонија, Македонците во  Албанија.

- Проф. д-р Васил Дрвошанов  е лингвист, критичар и поет. Роден е на 13 јули 1951 година во с. Моноспитово, Струмичко, каде што го завршил основното училиште. Гимназија завршил во Струмица во 1970 година. На Филолошкиот факултет дипломирал во 1974, магистрирал во 1981, а докторирал во 1989 година. Сега е научен советник и редовен професор во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” Скопје, Република Македонија. Добитник е на Плакета од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” по повод 50-годишнината од сопственото постоење за значаен придонес во истражувањата од областа на македонскиот јазик и за постигнати резултати во збогатувањето и во унапредувањето на целокупната дејност на Институтот за македонски јазик (2003).

-  г-дин Фатри Фетаху  активист во областа Голо Брдо: член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо                                                                                            

- Здружение Илинденски Марш Христо Узунов - Охрид Република Македонија

- г-дин Арманд Мија - Активист во Тирана член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана

ilinden-tirana-2

ilinden-tirana-3

ilinden-tirana-4

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.