|
|
Објавени наградите од традиционалниот конкурс за Прличева награда за 2015 година |
Минатиот понеделник, Жири комисијата во состав на Силвана Трајковска (претседател), Мери Петковска и Бојана Ристевска-Јанкуловска ја донесе својата одлука за прогласување на најдобрите дела од традиционалниот награден конкурс за Прличева награда за 2015 година во организација на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“. За сите категории на конкурсот пристигнаа 54 дела од кои се избраа следните дела како најдобри на кои ќе им се доделат награди: Најдобра поетска творба на годината за возрасни: 1- ва награда: Рожба, шифра „Рожба“, од Љубица Поповска од Мелбурн 2- ра награда: Куќа моја стара, шифра „Оџак“ од Наум Трајчевски од Квинбијан 3- та награда: Во Ма, шифра „Ма-ја“
Најдобра поетска творба на годината за деца: 1-ва награда: Букви, шифра „Пролет“ од Гордана Димовска од Мелбурн 2- ра награда: Копнеж за грутката своја, шифра „Во мојата лулка“ од Гроздан Јовановски од Њукастел 3- та награда: Книга, шифра „Велес“ од Емилија Жупаноска од Волонгонг
Најдобар расказ на годината за возрасни: 1-ва награда: Две солзи, шифра „Пролет“, од Гордана Димовска од Мелбурн 2-ра награда: Вистина, шифра „Вистина“ од Љубица Поповска од Мелбурн 3-та награда: Калина, шифра „Пролет“ од Гордана Димовска од Мелбурн Најдобар расказ на годината за деца: 1-ва награда: Последното доживување на еден грозд, шифра „АРТ“, од Марија Александрова од Сиднеј 2-ра награда: Подарок, шифра „Пролет“ од Гордана Димовска од Мелбурн Најдобра поетска творба на годината за возрасни: РОЖБА Чекав пред Шифра „Рожба“ – од Љубица Поповска Најдобра поетска творба на годината за деца: БУКВИ Дедо ми кажува приказни стари И најдов, читанки, буквари стари А тато вели, кирилица е тоа сине, Шифра „Пролет“- од Гордана Димовска |