Среда, 10 Февруари 2016   
Четврти роденден на македонскиот весник „Илинден“

vesnik-ilinden

Пред четри година, како двоброј за март и април, беше испечатено првото издание од весникот на Македонското друштво ``Илинден``од Тирана. Имајќи го предвид фактот што во изминативе две години, весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и сред Mакедонската дијаспора ширум светот.  Според бројната дописка, која пристигнува на електронската пошта на Редакцијата на Македонски весник ``Илинден``како и од другите преписки со читателите, забележително е дека во двегодишниот период весникот прерасна во медиум кој со сериозноста и пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за Mакедонското малцинство во Република Албанија, но и за промоција на активностите на Македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на Македонското население вон границите на својата држава. Во дел од дописите се истакнува и тоа дека читателите искажуваат „особена почит кон Редакцијата, која на најдобар можен начин одбра да ја промовира македонштината во овие бурни времиња, преку пишаниот збор. Нивната мисија да го одржуваат и поттикнуваат македонскиот идентитет во Република Албанија, преку културен израз целосно ја остваруваат. Сакаме да веруваме дека ваквата нивна активност ќе биде соодветно поддржана од државните институции како во Република Албанија така и во Република Македонија, но и од Македонците ширум светот. По повод четригодишниот јубилеј на Македонски весник ``Илинден``од Тирана, Редакцијата има чест да ги поздрави и да им се заблагодари на сите свои соработници, кои несебично помогнаа во конципирање на тематската и визуелната содржина на весникот. Воедно, Редакцијата се заблагодарува и на читателската публика, која со покажаниот интерес кон содржините што ги понуди весникот покажа дека тој навистина ја допре сржта на проблемите на Македонците во Република Албанија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.