|
|
Кире Печенковски – голем македонски бизнисмен во Канада (7) |
ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ Животната сторија на Киро (Кирил) Печенковски почнува во Долно Перово, во Песпа, село кое се наоѓа непосредно до северниот брег на Преспанското Езеро, оддалечено околу десет километри од Ресен. Сите жители на селото се Македонци, од кои голем број како и Киро и неговата сопруга Дежда, одамна тргнале по други животни патишта во светот кои живот значат. Убаво е во Долно Перово, а со тоа и во цела Преспа во есен кога разновидните бои се преплетени како пајажина, кога мирисот на зрелите јаболка се разнесува низ чистиот воздух. Прекрасно е во зима кога планините надвиснале над Езерото, а летовите и звукот од пеликаните се пренесуваат по езерската шир. Но, Преспанското Езеро е најубаво во пролет кога јагликата ги пробива последните остатоци на снегот на Галичица и Пелистер и во лето кога свежината од Езерото го исполнува треперливиот воздух и е преполно со многубројни капачи и риболовци. Таму, на 21 април 1937 година беше роден Киро Печенковски. Неговиот животен пат во родниот крај започнал токму до Преспанското Езеро, каде го започнал своето образование сво основното седумгодишно училиште во Долно Перово, малата матура во Царев Двор, обидот со Економското училиште во Охрид и двегодишните гимназиски класови во Ресен. Од четиринаесеттата година започнал со комерцијалниот риболов, од кој не се откажал до напуштањето на Македонија. Во рибарството научил една формула која практично и успешно ја испробал во Канада. Таа гласи: „На луѓето не им давај риба, туку научи ги сами да ја ловат”! Киро Печенковски бил вистински мајстор за ловење риби, еден од најдобрите во селото, а тоа го наследил од татко му. Од реките или од езерото никогаш не се враќал со празни раце. Сепак, тоа задоволство решил да му го остави на татко му Мите, кој како рибар ја дочекал пензијата во рибарската задруга „Рибар” во Долно Перово. А тој веќе ковал други планови. Не можејќи да се помири со тогашната економската состојба, прво решил да си најде избраничка, животната сопатничка, а таа била Дежда од Евла, а потоа да замине преку граница, во потрага по нов и подобар живот во прекуолеанските земји.
Така, на 6 мај 1962 година, на Ѓурѓовден, заедно со двајца другари, со преспанска чунка - кајче, ја минале македонско-грчката граница. Нивното бегство од земјата било во најголема тајност. Границата ја минале без проблеми, зашто како рибари биле добри познавачи на теренот, но и на „табиетите” на Преспанското Езеро. Првин пристигнале во селото Раби, од каде, прифатени од полицијата биле префрлени во село Желево, а потоа транспортирани во Лерин, каде што останале близу една година. Оттаму ги одвеле во Солун, а потоа во логорот Лаврион. Во Грција останал до 1963 година, кога со брод заминал за Канада. На 14 април 1963 година пристигнал во Халифакс, од каде заминал за Торонто. Во меѓувреме, во Долно Перово, во 1960 година, му се родила првата ќерка Кети, како подарок од неговата сакана Дежда, која нетрпеливо очекувала да заврши бегалската одисеја на нејзиниот маж, за потоа да му се придружи со ќерката. По пристигањето во Торонто, Киро Печенковски започнал со реализација на својата формула што ја чувал во мислите. Англискиот јазик го учел сам, без посетување курсеви, туку низ практична комуникација со Македонците или Канаѓаните. Главна преокупација му било констуирањето или иновациите на машини за обработка на метал. Но, во почетокот морал да ги создаде неопходните услови, прво за неговата елементарна егзистенција во Торонто, а потоа и за вработување во фабрика во која ќе може да ги оствари идеите од областа на лиењето метали. Во почетокот, како и многу иселеници во друга земја, започнал со миење садови по ресторани, за 25 долари неделно, иако работел цел ден. По десетина неуспешни обиди, конечно во 1964 година бил примен како општ работник во една метална фабрика. Во 1967 година очекувал да му се придружат сопругата и ќерката, па за да ги дочека подготвен, морал дополнително да работи, пак во некој ресторан. Во 1968 година бил испратен во САД да работи на лиење и влечење бронзени цевки. Тогаш дошле до израз неговите способности. Работејќи, ја проучувал технологијата и се обидел да ја усоврши. Но, по некои недоразбирања со матичната фабрика, од инат, сам конструирал машина за топење бронза.
Тоа наишло на поддршка од некои влијателни Евреи во тој бизнис, па на нивно барање останал уште некое време во фабриката. Потоа решил да се осамостои. Стартот бил добар и Кире задоволен што конечно ја започнал индивидуално рибата во Торонто. Тој ден дошол во 1979 година, кога купил еден хектар земја, на кој во 1982 година ја изградил и ја отворил сопствената фабрика, К.П.Бронз, чиј претседател на Управниот одбор беше од почетокот на формирањето на фабриката до неговата смрт на 12 јули 2012 година Киро Печенковски ги наследи убавите работи од неговите родители: мајката Веса и таткото Мите. Тој беше интелигентен и мудар, имаше смисла за бизнис и креативноста, беше упорен и енергичен, притоа имаше голема поддршка од неговата сопруга Дежда, која му беше и остана негова десна рака. Таа му помогна тој да се концентрира на бизнисот, а таа ја презеде сета грижа за семејството и домот. Еден поглед врз амбиентот на нивната раскошна куќа, е доволен да се види кој го држи кормилото. Тоа е во рацете на семејството Печенковски, бидејќи она што е фабриката за Киро, тоа е и фабриката и домот за Дежда. Во тоа авторот на овие редови се увери при бројните посети во нивната фабрика и во огромната милионерка куќа во Ауроа. Тие функционира како еден успешен тандем, кој вешто управува со една мала империја на животот, која се вика бизнис и дом. Во хармонија каква што можат да создадат само способни брачни двојки, што со смисла за, речиси, идеална брачна хармонија. Киро Печенковски беше успешен бизнисмен во Канада кој во деловните кругови беше ценет и почитуван, особено заради неговит придонес во развојот на економијата на оваа земја, која како мултиетничка, создава услови за максимално изразување на креативните способности на нејзините граѓани. На тој план Киро беше еден од ретките Македонци која ја имаше честа да биде познат и признат создавач на матријалните вредности во демократска Канада. Семејството Печенковски живее во гратчето Еурора, кое во поширока канадска територијална смисла претставува дел од големиот мегалополис Торонто. Во почетокот тие живееја во Торонто, најголемиот и најубавиот град во провинцијата Онтатио, во кој се измешало и американското и светското, од исток до запад и од север до југ. Таму живеат стотина нации, меѓу кои и повеќе од сто илјади Македонци. А бројот на преспанци, кои се доселиле, вдомиле и прилагодиле на тамошните услови и живот, е огромен. Затоа во Торонто човек се чувствува како во Преспа. Киро Печенковски го сметаа за еден од побогатите Македонци на северноамериканскиот континент. Тајната на неговиот успех не беше во завршените факултети по машинство или студиите поврзани со обработката на металот, туку во конструкторскиот ген што му го вградило неговото семејство во Долно Перово, како последица на фактот дека потекнува од земја која пред илјада години на светот му дала писменост и култура.
При нашата посета на фабриката бевме информирани дека историскиот развон на К. П. Бронз (К.П. БРОНЗЕ) започнал во 1971 година, а ја формирал Кире Печенковски. Во тој период Кире бил единствен вработен и сам ги извршувал сите оперативни активности, чиј вкупен годишен капацитет изнесувал 40.000 единици. Меѓутоа, во наредните години компанијата доживува рапиден пораст со дневен капацитет на производство од 40.000 единици. Во текот на 45 годишно постоење оваа значајна фавтика за бронза разви свој иновативен процес на леење наречен “Финитецаст”, процес преку кој од структурата на тенки гранулати се добива структура односно легура која е непорозна карактеризирана со голема густина. Компанијата е опремена со сопствена лабораторија во која се тестира хемискиот состав на легурите. Во разговор што го водевме во погоните на фабриката ни беше речено дека мисијата на компанијата која има континуиран раст е, всушност „Нивната филозофија да понудат флексибилни услуги со цел да им ги задоволат желбите и потребите на купувачите”. Затоа, како лидер во оваа индустрија К.П. БРОНЗЕ е секогаш чекор понапред од конкурентите. Успехот се должи на придржувањето кон принципите за напорна работа, професионален персонал, задоволство на клиентите, иновативност, ценење на вредноста на парите и квалитет. Целта на компанијата е преку овие принципи кои се отсликани во квалитетот на производите да се стекне целосна доверба кај купувачите. Инаку, валитетот на производите е гарантиран со повеќе сертификати за квалитет и тоа МУСТ, АЉСР и ИСО 9002.94 а исто така компанијата е членка на Цанадиан Цоппер & Брасс Девелопмент Ассоциатион. Компанијата ги опслужува производителите на бронзени производи со: кукишта за лагери, хидраулични цилиндри, делови за водовод, цилиндри и вентили, делови за автомобилска индустрија, делови за железница, делови кои се користат во рударство, челични производи, делови за јахти, млинови и слично. Инаку, денес компанијата ја води тим на чело со керката на Кире и Дезда - Дана Печенковски Незаборавни се впечатоците на авторот на овие редови Славе Катин на семејството на Киро и Дежда Печенковски. Мегутоа, посетата со покојниот поглавар на МПЦ архиепископот охридски и македонски г.г.Михаил, кој извршил осветување на нивната преубав дом и производствените капацитетиво Аурора остави трајни белези. Притоа, архиепископот го изрази неговото задоволство сто изврШИ осветување на македонска кука И канадска фабрика И Што сите ние се запознавме со големиот успех и подем на “империјата Печенковски”. Продолжува
|