Министерството за култура на Албанија и оваа година не прифати ниту еден проект на македонските друштва во оваа земја.
„Оваа состојба се повторува секоја година“, изјави за Макфакс, Никола Ѓурѓај, претседателот на друштвото на Македонците „Илинден“, со седиште во Тирана. „Ние воопшто не сме задоволни од начинот на поддршка на проектите во Министерството за култура на Албанија. Доставуваме проекти, но тие не се прифаќаат. Имаме потреба од поддршка на наши проекти кои се однесуваат на негување на традициите на Македонците кои живеат во Албанија. Владата треба да има предвид дека и ние Македонците во Албанија, треба да добиваме проекти“, вели Ѓурѓај и додава дека потребата за образование на македонски мајчин јазик во Голо Брдо, како и потребата од телевизиски програми на албанската национална телевизија на македонски јазик е потреба на Македонците во Албанија, тоа е и право предвидено со меѓународните конвенции. Никола Ѓурѓај е познат аналитичар и главен уредник не весникот „Илинден“ кој излегува во Тирана. |