|
|
Најспектакуларна Мумба парада во Мелбурн |
Како и секоја година така и оваа се со низа активности се одбележа Денот на трудот во Викторија. Денот на трудот е ден на победата на работникот да се избори за осум часа работен ден. Во почетокот на 19 век, повеќето работници работеле 10- или 12-часа дневно и тоа во период од шест дена секоја недела. Од 1850 година работниците започнаа со силен притисок за подобри услови. Започнаа протести во 1855 година во Сиднеј а на 21 април 1856 година се одржа масовен протест и во Мелбурн а кој претставува и прв протест во светот кој ја постигна целта - осумчасовен работен ден. Одбележување на големата победа на работничкото движење односно државен празник е прогласен и во другите републики на Австралија. Во Јужна Австралија, Квинсленд, Нов Јужен Велс се прославува првиот понеделник во октомври, Во Викторија и Тасманија, тоа е вториот понеделник во март. Во Западна Австралија, Денот на трудот е првиот понеделник во март. Во Северната Територија тоа е првиот понеделник во мај. Круна на сите активности беше традиционалната парада во Мелбурн, наречена Мумба која секоја година предизвикува се поголем интерес меѓу посетителите. Целта на оваа парада е да се презентира во најубаво светло пулсирањето на градот и мултиетничкиот соживот. Оваа година може да се каже дека парадата ги надмина сите очекувања. Учествуваа 1800 луѓе од 42 различни асоцијации, танчерски групи, како и етничките здруженија на Индонезиската, Виетнамската, Кинеската, Јапонската, Карибската заедница. Противпожарната и спасувачка екипа на Мелбурн, Викторија, беше поздравена со аплаузи. Посебно внимание привлекоа креативните возила во вид на железничката станица и Arts Center, бродот на пиратите, автомобилите на Бетмен, Лудиот Макс и Враќање во иднината. Вистинска атракција и незаборавна филмска сцена која успеа да прикаже се она што нуди Мелбурн како град. За жал Македонската заедница од Мелбурн не зеде учество на овој спектакуларен настан и покрај бројните културно уметнички друштва и асоцијации во Мелбурн. Гордана Димовска
|