Среда, 13 Април 2016   
38 години од формирањето на литературното друштво „Григор Прличев“

mld-grigor-prlicev

На 31 март се навршија 38 години од формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. По повод својот јубилеј Извршниот одбор на Друштвото изнесе работен план за престојните две години со цел да се прослави во 2018 година 40 годишницата од постоењето. Се планира покрај издавањето на повеќе наслови од членовите, да се издадат книгите: Монографија  од Друштвото; Архивот на Друштвото како и Антологија со поезија од своите членови.

На седницата исто така се усвоија предлозите за прогласување на нови почесни членови и дописни членови кои активно го помогнувале Друштвото во еден подолг период. За почесни членови се прогласија: Раде Силјан, истакнат поет, книжевен критичар, преведувач и долгогодишен издавач; Панде Манојлов, истакнат поет, прозаист, критичар и новинар; Фиданка Танаскова, истакната новинарка и писателка.

За дописни членови, кои активно го промовираат Друштвото за последните пет години, се прогласија:

Игор Павловски од Мелбурн; Наум Трајчески од Квинбијан; Гроздан Јовановски од Њукастел (сите од Австралија), потоа Радојка Трајанова од Скопје (Македонија); Лилјана Стоилковска – Андовска од Малме (Шведска); Саво Костадиновски од Келн (Германија); Милица Паулус од Минхен (Германија); Елизабета Петровска од Загреб (Хрватска); Ристо Стефов од Онтарио (Канада); Алексо Лозановски од Торонто (Канада); Михаил Серафиноф од Вашингтон (Америка).

Од Изршниот одбор на МЛД „Григор Прличев“
Сиднеј - Австралија

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.