|
|
ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО ШВЕДСКА |
МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ШВЕДСКА 18 мај 2016 година, Стокхолм, Шведска - Под покровителство на Македонскиот сојуз во Шведска, на 7 мај во Фолкпаркен во Трелеборг, се одржa традиционалната културна манифестација "Ден на македонската култура во Шведска“. Годинава домаќин беше друштвото "Пелистер“ од Трелеборг, а во богатата програма настапија фолклористи, пејачи, рецитатори и музичари од Македонското друштво "Гоце Делчев“ од Гетеборг, Македонското друштво "11 Октомври“ од Хелсингборг и Македонската православна црковна општина "Свети Наум Охридски“ од Малме. Со учество на жени од шест македонски друштва, во рамките на манифестацијата се одржа и натпревар во кулинарство "Вешта жена". Првото место го освоија жените од Македонското друштво "Македонија 91“ од Халмстад. Специјални гости на манифестацијата беа членовите на театарскиот ансамбал на МНТ од Скопје со претставата "Марко Цепенко“. Претседателката на Македонскиот сојуз во Шведска Гордана Крклинска им врачи плакети на Аница Велковска и Илија Марковски кои се прогласени за почесни членови на Македонскиот сојуз во Шведска. Вечерта заврши со богата музичка програма со популарната пејачка Сузана Гавазова и оркестарот "Антика“. |