|
|
Годишница на МЛД „Григор Прличев“ во Сиднеј |
На 20 мај по повод 38 годишницата од формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев“ во просториите на RSL Клубот во Рогдаел (Сиднеј) се одржа литературна средба при што се промовираа книгите: „Античко – Македонските историчари и нивните дела“ од Александар Донски и „Љубов и надеж“ од Ленче Целакоска Клекачкоска. Книгата на Александар Донски ја промовира професор м-р Славица Ристеска која даде опсижен преглед на неговото дело кое е од огромно значење во расветлувањето на македонската античка историја. Книгата поезија на Ленче Целакоска Клекачкоска ја промовира професот Бранко Наумовски и покрај авторот поезија читаа Марија Александрова и артистката Валентина Апостоловска. Исто така на средбата им се врачија наградите на писателите наградени со Прличева награда за поезија и проза за 2015 година: Наум Трајчевски од Квинбијан, Велика Блажевска и Марија Александрова од Сиднеј, Гроздан Јовановски од Њукастел и Емилија Жупаноска од Волонгонг. Наградата за најдобра издадена книга за 2015 година му се додели на Ристо Галевски за книгата „Спомени од Македонија“ На средбата исто така им беа доделени благодарници на Димче Џајкоски од „Macedon Travel“, Санде Квачковски од „Sloestica Rendering” и Кире Пашовски за парична донација за издавање на македонска литература, а Димитрија Кукуљовски беше прогласен за читател на годината во Библиотеката „Григор Прличев“. Д. Ристевски |