Среда, 25 Мај 2016   
Разговор со артистот Никола Апостоловски: Во театарот дојдов случајно но истиот врежа голема љубов

nikola-apostolovski

Деновиве поведовме разговор со Никола Апостоловски кој се појави на „сцена“ пред само неколку години и досега во Австралиско македонскиот театар има одиграно повеќе улоги но за последната престава „Куферот“ се јавува како глумец и одговорен за техничката поставка на оваа драма.

Како воопшто ја започнавте вашата „кариера“ во театарската уметност и какви беа вашите почетоци?

Мојата кариера во театарот започна во 2012 година, и тoа сосема случајно. Откако вие ја поканивте мојата сопруга Валентина да настапи во драмата "Раскол", испадна дека немате глумец за уште една машка улога. Така, мислејќи дека ќе биде мала, во разговор со вас, се сложив да ја прифатам улогата на Синот. Покасно, заради обврски, еден од членовите ја откажа улогата на Поп и по твоја иницијатива ја прифатив и таа рола. Така, мојот старт во театарот неочекувано започна со две улоги. И никогаш не зажалив! Отсекогаш сум го сакал театарот, но никогаш не помислував дека еден ден, ете, и јас ќе сум на штиците, и ќе можам да представувам напишани ликови. До сега имам прекрасни впечатоци и спомени. Големо задоволство и чест ми представува да сум дел од овој наш Австралиско Македонски Театар, a уште поголема привелигија ми e што запознав и запознавам прекрасни личности и луѓе. Голема благодарност до мојата сопруга и до тебе што ме поттикнавте и ми се даде шанса да бидам дел од патот што како театар го одиме и постигнуваме успеси, како во Австралија така и во нашата татковина - Македонија.

Кои улоги досега сте ги играле и во кои драми?

Како што споменав, започнав со улогите на Синот и на Поп во "Раскол". Прекрасна представа која ги опишува настаните и проблемите што се случуваат во нашата црква и заедница, низ еден комичен но истовремено многу сериозен начин. Многу болна тема за сите нас Македонците кои што живееме во Австралија. Длабоко сум уверен и се надевам дека со најновите збиднувања сето тоа ќе се надмине и оваа представа ќе биде само едно сеќавање од овој лош период за сите нас.

Доне ми беше следната рола во "Остави ја свеќата да гори". Тешка и многу мрачна улога, во представа каде што како македонска заедница се приклучуваме во борбата против домашното насилство под покровителство на White Ribbon Day and Hurstville Counci. Доне e домашен насилник кој не знае ниту за срам или почит кон никого во неговото семејство. На удар се неговата сопруга, деца и неговата мајка, која и самата била жртва на домашно насилство од нејзиниот сопруг, а сега и од нејзиниот син Доне. Круг на насилство кој тешко може да се затвори.

Следува "Борење со мечка", со ликот на Трпе, човек кој пати самиот во себе, прикриено, не издавајќи ги своите маки, тајни и болести. Оттурнат од фамилијата, пред се својата жена, Трпе се бори против ракот, но без поддршка на семејството и оставен на себе, тој и подлегнува на опаката болест. Умира, не знаејќи ја најболната работа за него во животот - дали Бил, личноста за која цел живот се бори, работи и жртвува е негов син.

Во комедијата "Доктор Жими Мајка" ја имам улогата на Трајан. Типичен Македонец на 70 - тина годишна возраст, кој се уште им верува на луѓето, и поради неговата добродушност и наивност наидува и поминува низ разни перипетии во животот. Секој сака да го изигра и да земи дел од неговиот имот и пари. Како неговите деца и внуци така и човекот кој што доаѓа од Македонија и се представува како негов внук. Дури се решава да оди назад во стари крај, ја продава и куќата, со цел да земе убава 35 - годишна невеста! Комедија во вистинска смисла на зборот, но со сериозни теми, навистина уживав во оваа рола.

А сега во нашата најнова продукција "Куферот" за која мислам дека е нашата најквалитетна представа, ја имам улогата на Димитар, син на Ангела, коцкар и пусти- куѓа кој нема никаква љубов, однос, ниту почит кон  својата стара мајка која спечалила куќа и му ја дала да живее во истата. Без трошка вина се коцка и ги троши сите пари што ги има и постојано бара уште повеќе од својата мајка и од својата девојка Зои.

Од досега играните улоги, која најповеќе ви даде предизвик и задоволоство?

Сите! Но ако мора да изберам тогаш тоа ќе биде yлогата на Доне во "Остави ја свеќата да гори". Голем предизвик, бидејќи, пред се по карактер сум мирна личност. Да се изглуми и прикаже она што нашиот режисер го бараше од мене, навистина беше тешко и голем предизвик да излезам од мојот личен карактер. Ми требаше време да се навикнам на карактерот, но мислам дека убаво го изиграв. Затоа, на крајот од представите чуствував големо задоволство и сатисфакција знаејќи дека ликот на Доне го представив на начин што нашиот Стефо го бараше од мене.

Имате играно во престави и во други театри и што значеше тоа за вас како актер?

Да, настапив во представата "Тhе wаy" во Центарот за уметност во Бенкстеон заедно со уште неколку членови од нашиот театар. Представата беше напишана и режирана од Стефо Нанцу. Ја имав улогата на дојденец од Македонија кој се свршува со својата девојка. Кулминација за мене, а исто и за другите актери од нашиот театар (Стефо беше пресрекен), беше моментот кога пред преполнетата сала ќе испеев строфа од нашата преубава староградска песна "Македонско Девојче".

За мене лично ова беше многу важно бидејќи се промовира нашиот јазик и култура во представа која што беше наменета за разни националности и презентирана во поголем дел на англиски јазик. Yбаво беше да се види како се работи и во други театри, а ова искуство ќе остане врежано во мене за подолго време.

Во последната драма „Куферот“ се јавувате и како технички продуцент одговорен за светлата и звукот. Како се јави оваа љубов кај вас?

Жиците покрај театарот се втората моја љубов! Целиот мој живот се расправам со електрониката, започнувајќи како електро-инсталатер па до последниве 10-тина години работејќи како Electrical Engineering Officer за дизајн на електро мрежата на Н Ј В. Секогаш имаме потреба од технички продуцент но бидејќи во повеќето представи глумев, не можев да ја вршам и оваа работа. Сега имајќи помала рола ми се даде можност и време да ги спремам и техничките работи. Сепак морам да нагласам дека имам голема подршка и помош од сите други членови во нашиот театар за време на представата, а посебно кога сум на сцена.

Што планирате после „Куферот“ и кои се вашите идни планови?

После куферот ни следува заслужен одмор, а се надевам, можеби во блиска иднина дека ќе имаме прилика со оваа прекрасна представа да се представиме и во други места низ Австралија. Исто така се надевам дека во некоја од нашите наредни представи ќе се појавам и како режисер. Ви благодарам за вашето време и простор.

Последната престава на „Куферот“ ќе се одржи во Рогдаел на 28 мај со почеток во 19 часот во просториите на Културниот центар „Илинден“.

nikola-apostolovski-2

Душан Ристевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.