|
|
Одбележана 73-годишнината од смртта на Кочо Рацин |
Македонското Литературно Друштво “Кочо Рацин” од Мелбурн, ја одбележа 73 годишнината од смртта на истакнатиот поет, основоположник на македонската литература Коста Солев Рацин. Во просториите на библиотеката во Мил Парк на 12 јуни, одржаа несекојдневен настан, посветен на Рационовото творештво на неговата поезија. Потсетувањето на ликот и делото на Рацин, го направија преку читање на биографски податоци, податоци за творечката дејност, низ кои истовремено се испреплетуваа и стиховите на Печал, Татунчо, Тутуноберачите, Елегии за тебе, Копачите, Сандански, Утрото над нас, рецитирани од Крсте Наумовски Мечкар, Виолета Јовановска, Гордана Димовска, Стеван Ацески, Вера Горгиевска. Младите, Даниел Димовски и Алиша Симинели исто така ја изненадија публиката со прекрасната рецитација на поемата Денови на Македонски и Англиски јазик. Најмладиот учесник Шана Јовановска како и секогаш импресионира со нејзината рецитацијата на Каранците на баба и дедо, Кукла, и нејзиниот проект: “Мојот развој од раѓање до денес”. На крајот од официјалниот дел претседателкат на МЛД Кочо Рацин додаде: Се поклонуваме на неговите идеали, на неговата самопожртвуваност, борба за афирмација на македонската самобитност, на неговото богатото литературно творештво. И после 108 години од раѓањето а 73 од неговата смрт, постои потребата за зацврстување на македонската самобитност, зачувување на името, јазикот, историјата, постои потреба од обединетост меѓу сите нас како во дијаспората така и во родна Македонија. Ја продолжуваме борбата и афирмацијата на македонскиот јазик преку делата на Нове Младеновски, Крсте Наумовски, Виолета Јовановска, Љубица Поповска, Вера Горгиевска и сите кои допрва ќе творат. Македонска нација
|