Среда, 22 Јуни 2016   
„Свети Илија“ во Квинбијан – израз на македонското национално живеење (19)

sv-ilija-kvinbijan

ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Македонските иселеници во Австралија, без разлика од кои простори на Ма­ке­донија се задомиле на петтиот континент прет­ста­вуваат нераскинлив и значаен дел од цело­купниот мо­заик на македонската вистина. Врската што Маке­до­не­цот ја одржува со дедовската земја на Бал­канот е трајна, искрена, чо­вечка, носталгична, маке­дон­ска, која се збогатува особено преку македонските православни црковни општини, цркви и манастири.

Овие австралиско-македонски институции  не се исклучиво верски, туку се се‘народни кои се грижат за исполнување на сите права и слободи на етничките Македонци на петтиот континент. Тие се центри за развој на религиозниот, граѓанскиот, социјалниот, економскиот и културниот живот на Македонците во новата средина.

 За тоа се уверивме во текот на нашиот престој во Австралија, кога го посетивме Квинбијан, заедно со нашите пријатели Тоде Кабровски и Кире Циревски. Тоа е мало градче сместено во непосредна близина на престолнината Канбера. Тоа е место во кое се вишнеат бројни мотели од кои десетина се соптвеност на Македонци, а кои што служат за потребите на посетителите, дипломатите и државната администрација сместена во главниот град. На тие простори, една година пред Канбера да стане престолнина во Австралија, во 1927 година се доселила првата група Македонци од Леринско и од Костурско, особено од селата Трсје и Статица.

Инаку, Квинбијан (Queanbeyan) е регионален центар сместен на една висорамнини во југоисточен Нов Јужен Велс во непосредна близина на Канбера. То се баоѓа на само 15 километри (десетина милји) на запад и  е  составен дел од економијата на главниот град. Зборот Квинбијан) е поангличанета форма од  зборот на Абориџините што значи "чиста вода". Градот е распространет на реката Молонгло (Molonglo), реон во кој Англичаните се доселиле и официјално го прогласиле за нивно населено место во 1838 година. На тие нови богати австралиски простори, во 1851 година било пронајдено голема количина на злато и сребро, што услови брзо населување на бројни трагачи по злато.

kvinbijan2

Се знае дека првите иселеници во Австралија биле Македонци од егејскиот дел на Македонија и пристигнале уште во 1926 година. Меѓутоа, активностите кај македонските доселеници на тие простори почнале дури по Втората светска војна во 1947 година кога е формиран разгранокот “Млад Гоче” на “Македонско-австралискиот народен сојуз” (МАНС). Меѓу првите активисти беа: Коста Пандов, Коте Димитров, Филип Руков, Ѓорѓи Дуров, Ѓорѓи Нано, Коце Кулеја и други. Оваа група иселеници, според пишувањето на весникот „Македонска искра“, во текот на 1948 година, на средбата на која учествувале и учесниците во Илинденското востание 1903 година, војводите Коста Панов и Васил Атанасов, двајцата од Леринско била активен учесник во собирањето матријални средства за изградба на Болницата во Скопје. 

. Еден од најзнчајните датуми за историјата на црквата „Свети Илија“ и за Македонците од Квинбијан и Канбера е, секако 20 април 1969 година – осветувањето на храмот, ден што се претвори во големо славје и неизмерна радост. Црквата била осветена од тогашниот надлежен архиереј, митрополитот Кирил, заедно со митрополитот  Методи, свештениците Методи Гогов (подоцна архиепископ на МПЦ) и Методи Лазаревскиа во присуство на бројни иселеници, посетители, тогашниот амбасадор на Југославија Гојко Секуловски, претставници на градот на Католичката и Презвитеранската  црква, високи претставници на Министерството за емиграција на Австралија и други.

Инаку, првата црковната зграда била изградена во 1872 година, и, како споменик на културата, била заштитена со австралиските закони. Во последните години црковниот храм е нов, преуреден, до него е изградена голема сала и други простории и претставува значаен македонско-црковен, културен и национален центар за Македонците кои живеат во Квинбијан и околните места.

makedonska-iskra

Големи заслуги во историскиот развој на овој македонски духовен и национале дом има свештеникот Наум Деспотовски, кој го уредуваше и македонскиот радио час. Исто така придонесот е многу голем  на долгогодишниот претседател и истакнат општественик и бизнисмен Симо Танески, потоа Трпе Нанов, Љубе Колевски, Јордан Галев, Илија Петроски, Славе Блажевски, Јордан Постоловски, Стево Ташковски и многу други истакнати иселеници од почнувањето до денес., кои придонесоја ова црковна општина да биде една од  најзначајните на петтиот континент.

Овој пат ќе се задржиме на првата посета на Квинбијан и средбата со Македонецот Ѓорѓи Нано. Имено, на неколку стотини метри оддалеченост од црквата „Св. Илија“ се наоѓаше домот на чичко Ѓорѓи Нано. Тоа беше пријатно македонско катче кое во минатото го посетувале голем број намерници, посетители, гости, а кога ние го посетивме неговиот дом бевме информирани дека во неговите одминати години го заборавиле дури и црковните великодостојници. Кога  го посетивме домот на овој благороден старец го најдовме овој честит Македонец со блага насмевка и благороден израз на лицето како седи во фотељата и слуша музика од фолк-фестивалот „Канбера 91“, видеолента која, како што рече, го враќа во родната Македонија.

Останавме да разговараме со чичко Ѓорѓи подолг период и, покрај неговата долга старост, разговаравме за минатото, за тогашноста, за иднината, и се потсетивме за многу работи од неговиот живот. Инаку, авторот на овие редови го познава овој иселеник од деведесетите години кога чичко Ѓорѓи Нано, по 43-годишен престој во Австралија, за прв пат стапна во Македонија и кога изрази желба да го посети неговото село Трсје, Леринско. За жал, и покрај тоа што тој беше австралиски државјанин, на еден груб начин беше одбиен од грчките власти и вратен од границата на јужниот сосед назад по железничката пруга кон Битола. Сликата да биде уште потажна, кога при враќањето во едната рака го носеше куферот, а во другата бело шамивче, се врати засекогаш да не го види своето родно село и да не ги посети гробовите на своите предци.

Чичко Ѓроѓи Нано беше роден во 1909 година во селото Трсје, во Беломорска Македонија. Потекнуваше од македонско семејство, чиј татко бил комита во четата на Ѕале. Меѓутоа, поради економски причини, уште во 1926 година заминал на печалба во Австралија, каде заедно со својата сопруга Јана, која почина во 1984 година, беше еден од оние Македонци кои целиот свој живот го посветил на афирмацијата на вистината за Македонија.

mitropolite-metodi-i-kiril
Митрополитите Методи и Кирил ја осветија црквата „Свети Илија“ во 1960 година

Така, при една пригода, чичко Ѓорѓи ќе рече: „Роден сум во турско, Турчин не станав, од мене сакаа да направат Грк, но и Грк не станав. Се родив и ќе умрам како Македонец.“ Ова се пренесуваше меѓу неговото семејство: синовите Коста и Петре и ќерката Лена, како и меѓу многуте внуци и правнуци кои живеат во непосредна близина на неговиот дом. Инаку, Ѓорѓи Нано беше еден од основоположниците и донатори на МПЦ „Св.. Пророк Илија“ и имаше големи заслуги за купувањето на храмот во кој тој и неговото семејство посветиле многу време, труд и средства..

Тоа е дел од тажната сторија за војводата Ѓорѓи Нано, еден од многумината македонски печалбари од Македонија кои го напуштиле својот роден крај и кои судбината ги повела по белиот свет, по парче печалбарски леб и по свое место во туѓина, но не под македонското Сонце.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.