Среда, 29 Јуни 2016   
И македонската дијаспора е загрижена за моменталната состојба во Република Македонија

Partija-na-Makedonci-vo-Srbija

И македонската дијаспора е загрижена за моменталната состојба во Република Македонија, бидејќи се што се прави во татковината неминовно се рефлектира и на дијаспората и тоа најдиректно се одразува на односите и работата во организациите.

Не смее да се заборави дека Република Македонија не е само држава на македонските граѓани што живеат во неа, туку и татковина на нејзината дијаспора што живее надвор од неа.

Повеќе пати е истакнато дека и дијаспората може да помогне да се оствари заедничката визија да ја направиме Македонија подобро место за живеење.

И ние како политичка Партија на Македонците во Србија, со загриженост ги следиме настаните во татковината. И ние како македонско малцинство во Република Србија загрижени сме за состојбата во Република Македонија.

И ние веруваме дека можеме да помогнеме и во овој период на предизвици со кои е соочена Република Македонија. Но овојпат очекуваме и Македонија да ни помогне и нам, на дијаспората, на македонското малцинство во земјите од непосредното соседство,  да ја сватиме и разбереме состојбата во Република Македонија, посебно во последните година дена.

Близината и  соседството не ни се олеснителна погодност полесно и подобро да ја разбереме состојбата во Македонија, во однос на дијаспората од другите контингенти.

И ние сакаме да знаеме што се случува и каде оди Македонија, што ќе ни помогне во креирањето на политиката на нашата партија?

Интересот на дијаспората за искористување на првото на глас, и малиот број на евидентирани гласачи од дијаспората за гласањето на 05-ти Јуни, е јасен сигнал и пример за рефлексијата на состојбите во Македонија на состојбите кај дијаспората.

Јасно ни е дека македонската дијаспора е нераскинлив дел од македонскиот идентитет и вистински бранител на македонското битие и дека дијспората е клуч за развој на Македонија.

Затоа:

Ни треба една подобра врска на дијаспората со матичната држава.

Ни треба планско и заедничко учество и присуство на дијаспората, не само на прославите на празниците во Република Македонија.

Ни треба една заедничка годишна конференција на дијаспората.

Ни треба заедничко учество на претставници на сите асоцијации на Македонците на годишните средби на иселениците.

Ни треба подобра организираност, подобра соработка, поголема грижа од страна на надлежните институции и од сите други од Македонија кои се бават со дијаспората.

Ни треба една подобра Стратегија за односот на Република Македонија кон дијаспората.

Ни треба Закон за дијаспората.

Ни треба Министерство за дијаспората, или обединување на надлежностите на Агенцијата за ислеништво со надлежностите на МНР-Секторот за следење на националните приоритети, во согласност со законот и стратегијата.

Ни треба Собрание и Совет на дијаспората, како највисоко претставничко тело на дијаспората.

Во услови на политичка криза која трае повеќе од година дена, во услови кога и Советот за надворешни работи на ЕУ сака да расправа за состојбата во Република Македонија, и ние како дијаспора упатуваме барање за вклучување на дијаспората во разрешувањето на состојбата во Република Македонија.

Не само заради олеснување на гласачкиот процес за дијаспората, туку и заради тимската долгорочна работа да ја направиме Македонија подобро место за живеење, бараме  вклучување на дијаспората.

Час поскоро бараме одржување на состанок, средба со претставници од дијаспората,  како почетен чекор за формирање на Собрание на дијаспората, и изворно запознавање со состојбата од страна на највисоките државни органи, посебно од Претседателот на Република Македонија.

Надлежните институции во Република Македонија /Министерство за надворешни работи, Агенцијата за иселништво и другите асоцијации кои се бават со дијаспората /ги имаат потребните податоци од Македонските Културни Заедници, Македонските Православни Цркви и останати асоцијации на Македонците ширум светот, така да лесно можат да направат евиденција и список за повикување на претставници на дијаспората.

Бараме таква средба и наше активно вклучување. И ние од дијаспората сакаме да и помогнеме на Република Македонија во овој период  на предизвици и долга политичка криза.

Партија на Македонците во Србија
Претседателство

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.