|
|
ПОСТАВЕНА МЕРМЕРНА ПЛОЧА НА СПОМЕНИКОТ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА |
СОЈУЗ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈОТ МАКЕДОН Во пресрет на Денот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија насилно прогонети во Граѓанската војна во Грција (1946-1949 година) 19 јули, Денот на Светителот Сисое Велики, заштитник на децата, денес на споменикот на децата бегалци во Паркот Жена борец, беше поставена мермерна плоча со натпис за намената на Споменикот со следниот текст: "28.000 деца, најмногу Македонци од Егејскиот дел на Македонија и други места на Грција, насилно беа прогонети за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година... Останаа трајно раселени во источноевропските и прекуокеанските земји. Далеку од своите родни огништа... Овој Споменик е вечен Паметник за геноцидот врз нив, нивниот егзодус и голгота..." Текстот на мермерната плоча е испишан на македонски јазик и на англиски јазик. Мермерната плоча е донација на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН, Здружението на Сетинци, Попадинци и Крушорадци од Лерин во Македонија и Светскиот Македонски Конгрес. На 19 јули 2016 година (вторник) во 10.00 часот делегации на здруженијата на Македонците од Еејскиот дел на Маледонија ќе положат свежо цвеќе на Споменикот. Вечна им слава и памјат... Амин...
|