Среда, 27 Јули 2016   
Славе Катин – автор на 15 монографии за познати личности во иселеништвото (29)

katin1

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Често се вели дека Славе Николовски-Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа, во етничка Македонија и македонскиот народ, како и во македонската дијаспора. Тој, меѓу другото, е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите педесет публикации, над сто научни трудови и неколкуте илјади новинарски текстови, како и  по петнаесетте монографии за познати и признати македонски личности во Македонија и во македонската дијаспората.

Така, прва негова монографија е она за Атанас Близнаков од Гери, Индијана, САД, а по потекло од селото Д‘мбени, во Егејска Македонија.  Во ова дело се вели дека иако најголемиот дел од своето постоење го минал во емиграција, Близнаков до крајот на својот живот останал со проблемите на Татковината. Тој не се покажа како обичен печалбар, туку како личност што настојуваше да навлезе во суштината на македонската слобода, убава и правдољубива идеја, гледајќи ги работите со многу сериозен пристап, со што се издигна над времето во кое живееше.

Во целиот свој животен пат делбата на Македонија ја сфаќаше како трагедија и погуба за македонското дело. Затоа со формирањето на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф”, тој беше убеден дека ќе даде драгоцен придонес за Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, за македонскиот народ и за Македонија, а во исто време тоа ќе претставува поттик и инспирација за идните генерации во иселеништвото и пошироко. Во монографијата која е отпечатена во 2000 година на 336 страници и само на македонски јазик, се прави обид да се фрли светлина врз неговиот животен пат, со посебна нагласка на неговата донаторска дејност.

Во неговото ново дело за Атанаа Близнаков на македонски и на англиски јазик, кое се очекува да излезе во текот на оваа година, авторот Славе Катин се потруди да ги зафати позначајните моменти од животот на овој доблесен иселеник, за кого постојано ќе навираат спомени, а најмногу ќе се потсетуваат студентите – стипендисти на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф”, за неговото хумано и патриотско дело зашто тој останува да живее во историјата на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, на македонското иселеништво, на македонскиот народ и на Република Македонија.                                

katin2

Животот на Македонецот од Австралија, а по потекло од селото Буф, Леринско, Андреа Бранов, пак,  е своевидна сага за жилавоста, макотрпението, упорноста, истрајноста и непокорот. Во монографија која е на македонски и англиски јазик, Славе Катин ќе напише дека се‘ она што може да биде одлика на луѓе, кои колку и да трпеле удари во животот, сепак не се предале. Таков е случајпт со Андреа Бранов кој уште како дете прогонет од својата татковина Егејска Македонија претрпел и глад и страв и неспокој. 

Монографијата „Јановски”, пак, е прво дело на Славе Катин за Македонците од Канада и САД. Таа му ги отвори вратите на понатамошната негова писателска дејност. Инаку, и ова дело е на македонски и на англиски јазик и претставува документ за потеклото, животот и судбината на семејството Јановци, во Македонија и во Канада. Делото ги опфаќа генерациите родени во Велушина, Битолско и нивните потомци, кои се родени во Канада. Монографијата, главно, е наменета за идните нивни генерации, кои се раѓаат, растат и се формираат во Канада, со цел да не ги заборават дедовските корени во Македонија.Во исто време таа е огледало за дејноста на фабтиката за кујнски намештај „Јановски” во Маркам, Онтарио.

Монографијата „Гога Печенковски” е дело за животната историја  на преспанчанецот од Перово кој живееше во Ресен. Во исто време таа е и историја на Преспа, а преку неа и на Македонија. Зашто она што се случувало од исконските времиња на Александар Македонски, преку незаборавните битки на цар Самоил, до оние на Гоце Делчев, Стив Наумов и Мите Богоевски, во преспанскиот регион, ги отсликува сите историски голготи низ кои минувала Македонија, сè до нејзиното прогласување за самостојна и независна држава. Со оваа книга за неговиот животен пат, во најкуси црти и најсублимирано, се проектира дел од најновата фаза на македонската историја.    

katin3

Делото „Светозар-Светле Стамевски” е значајна и по многу нешта единствена монографија од овој вид. Таа претставува исцрпен осврт за вистината и за потеклото, животниот пат и постигнувањата на Светозар – Светле (Стив) Стамевски од Детроит, а по потекло од селото Одри, Тетовско, истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на САД, Џорџ  Буш Јуниор, и на неговото семејство.

Монографијата за Светле - Стив Стамевски и неговото семејство во исто време е и значајно дело за вистинска презентација и афирмација на минатото и на сегашноста на Македонија и на македонскиот народ, со посебна нагласка на Македонците во САД. Славе Катин, на нему својствен темелен и исцрпен стил, успешно го заврши и ова дело кое значи прилог и има голем придонес во иселеничката книжнина. Инаку, Стамевски е активен во македонската заедница, особено во Македонската православна црква “Света Богородица” во Детроит.

Монографија “Томов”, пак, претставува огледало за познатиот и признат фолклорист, етнолог, кореограф, скулптор, или како често го нарекуваа амбасадор на македонската култура, традициите и вистината за Македонија и македонскиот народ – Ѓорѓи (Џорџ) Томов. Оваа значајна и по многу нешта интересна двојазична монографија од овој вид претставува осврт за ликот и делото на Џорџ и за вистината за неговиот американски ансамбл “Томов” од Њујорк. Монографијата е сублимат за дваесетгодишниот труд на околу 250 Американци, претежно Евреи кои го афирмираа македонскиот и балканскиот фолклор, македонската култура, традициите и вистината за Македонија.

Во исто време монографијата “Томов” претставува овековечување на Фолклорното друштво “Гоце Делчев” што е во состам на Македонската православна црква “Св. Кирил и Методиј” од Сидер Гроув, Њу Џерси, потоа на другите македонски асоцијации, на огромен број личности од македонските колонии, како и на значајни настани и активности на полето на фолклорот, културата и постигнувањата на национален план на Македонците во САД.

katin4

Монографијата „Бошко Рајчовски-Пелистерски”, се однесува на Бошко и семејството Рајчовци, кое од втората декада на минатиот век живее и работи во Детроит, САД.  Животната приказна на љубојнчанецот во Детроит и Флорида се потпира на фактографијата која извира од животниот опус на иселениците со кои се гордее неговата стара татковина – Република Македонија.

Инаку, Бошко Рајчовски - Пелистерски е родољуб, роднокраен вљубеник, докажан активист, истакнато поетско и новинарско име. Книгата како траен документ, како вистинско сведоштво го овековечува богатиот личен и семеен летопис на ова познато и признато семејство чии корени се од Љубојно во Преспа, а кое се раширило во САД.

Монографијата “Петар Стаматоф” од Славе Николовски - Катин и внукот на Стаматов проф. Методија Трајковски, пак,  е само еден аспект од историскиот развој, постигнувањата и животниот пулс на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” од Скопје. Таа е печатена на македонски и на англиски јазик во чест на животот и делото на еден од хуманистите од македонско потекло кој живееше во САД, Петар Стаматов и неговата Фондација. Доблесниот донатор Петар Стаматов, ја напуштил својата родна земја – Македонија од економски причини, а спомените, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не го напуштиле.

Една од најзначајните монографии, ако не и најзначајна, на Славе Катин е, секако, делото за митрополитот Кирил (Кирил Поповски). Како најстар архијереј по хиротонија и архипастир со околу 45-годишно искуство и со значаен историски изминат пат во поновата историја на Христовата Црква, тој достојно беше респектиран од македонскиот народ, особено во иселеништвото  како голем борец и поборник за запазување на честа, достоинството и автокефалниот статус на нашата света Македонска православна црква. Тоа особено се потврдува на просторите од Полошко-кумановската епархија, која митрополитот г. Кирил ја водеше како нејзин надлежен архијереј.

Митрополитот Кирил беше  избран за прв надлежен архијереј на Американско – канадско - австралиска македонска православна епархија, со која раководеше повеќе од две децении. Тој  уште од млади години покажа  верност и преданост на македонката кауза, која пред сé се состоеше во зачувување на националната свест на Македонецот, особено во дијаспората. Затоа со право се вели дека митрополитот Кирил целиот свој живот го посвети на духовно-црковното и националното обединување на македонскиот народ..

katin5

Покрај монографијата за митрополитот Кирил, една од значајните монографии на Славе Катин е делото за Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, за човекот кој е исклучително голема, позната, призната и неодминлива личност во македонската дијаспора  и во Македонија. Тој е без сомнение еден од економски најуспешните Македонци во светот. Иако подолго време живее на Флорида, во САД, од своето емигрирање до денес тој е длабоко и силно поврзан со судбината, вистината и настаните во Македонија. Џорџ Атанасоски е Македонец по националност и православен христијанин по вера.

Тој е еден од најголемите иницијатори и организатори на одбраната на македонското име, особено на македонскот знаме од Кутлеш (Палатица). Ѓорѓија- Џорџ Атанасоски”  е бранител и афирматор на историјата и честа на македонскиот народ и Македонија во светот, посебно во Северна Америка. Тој постојано ги изложува своите погледи за можностите за македонски стопански, економски, културени верски  препород, како и за натамошен демократски развој на Македонија како суверена самостојна и независна држава.

Неодамна излезе од печат монографијата посветена на едно од најпознатите естрадни имиња на македонската музичка сцена и многу пошироко, Есма Реџепова Теодосиевска и на нејзиниот животен  сопатник и музички соработник  Стево Теодосиевски. Автор на ова мошне интересно издание  е истакнатиот публицист Славе Катин, воведот е на министерката за култура д-р  Елизабета Канческа Милевска, издавачи  се „Македонска искра“ и асоцијацијата „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Рецензенти на ова капитално дело се д-р Васил Тупурковски и д-р Јордан Плевнеш.

Инаку, монографското дело со наслов „Есма“ е посветено на македонската музичка легенда и едно од најпознатите естрадни имиња кај нас  и во низа  земји на повеќе континенти - Есма Реџепова Теодосиевска. Тоа е сага за вистината на блескавата кариера, сублимат на животекот, биографско-публицистички времеплов за 55-те години на сцената на оваа доблесна дама, истакнат уметник, потврден хуманист, донатор, и човекољубец. Монографијата е хронопис и веродостоен приказ за угледната музичка ѕвезда и патриот, возљубеник во својата татковина Република Македонија и нејзиниот животен сопатник, истакнатиот музички уметник Стево Теодосиевски. Со илјадниците гостувања и концерти, со успешните настапи и мисии, Есма и ансамблот „Теодосиевски“, го пренесоа името на Македонија низ десетици и десетици земји низ сите меридијани на светот, афирмирајќи ја убавата македонска и ромска песна на нивен специфичен начин.

Наречена дамата со божествен глас и голем музички талент, таа  е откриена како надарено младо девојче во 60-те години на минатиот век, кога за прв пат запеа пред микрофонот на Радио Скопје. Натаму низ годините, направи голема кариера, стекна интернационално име  и помина илјадници и илјадници километри со Стево и неговиот оркестар,  крстосувајќи ја планетата од Америка до Австралија, од Канада до Индија, од Африка до Јапонија, од Русија до Нов Зеланд, од Европа до Азија.  

katin6

Славе Катин, заедно со Ѓорѓи Лумбуровски е автор на монографијата на македонски јазик за бизнисменот Силјан Мицевски од Битола. За човекот кој беше градоначалник на Битола, кој е спортски работник, сопственик на аптеките „Еурофарм“, почесниот конзул на Република Србија во Република Македонија и кој секоја година организира симпозиум за културата и науката во градот на конзулите-Битола. Се очекува оваа монографија да излезе во најскоро време.

Исто така, Славе Катин е автор и на двојазичните монографии на македонски и англиски јазик за бизнисмените Благој Механџиски-Зегин од Скопје и Стив Пљакас од Канада. Благој Зегин е еден од десетте бизнисмени во Република Македонија, а Стив Плиакас е човекот кој го откри и го посети племето Хунзи во Пакистан кои се чувствуваат како потомци на Александар Македонски. Со печатењето на овие монографии се очекува да се добијат значајни авторски и литературни остварувања за вистината на македонскиот народ и Македонија.

„Македонска нација”

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.