Среда, 03 Август 2016   
„Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн - прва македонска православна општина надвор од Македонија (25)

sv-gorgi-melburn

ОД ЖИВОТОТ И АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Македонската православна црква „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн, Викторија.е прва македонска православна црква изградена надвор од Република Македонија и е дело претежно на Македонци од егејскиот дел на Македонија. Имено, најголемиот број Македонци во Австралија по Втората светска војна и пред тоа беа од Беломорска Македонија доселени главно во државата Викторија.

Овој значаен и голем македонски центар се наоѓа во Престон, во еден убав дел на градот каде денес е изградена новата црква посветена на свети Ѓорѓи и на света Богородица. На самиот влез на центарот се извишува споменик на Гоце Делчев, кој е откриен на 3 декември 1988 година, а под платото е распространета црквата и културно-просветниот центар „Епинг“ кој, покрај другото има неколку сали и други придружни простории, од кои големата сала е вистински културен храм и собиралиште, пред се‘ на  постарата генерација доселеници.

Активностите во Малбурн за изградба на македонската црква почнаа веднаш по создавањето на Републиката. Меѓутоа, најзначаен датум за Македонците-печалбари е секако 14 мај 1956 година, кога се одржа првиот јавен собир на кој со силен жар, ентузијазам и љубов почна кампањата за собирање средства меѓу Македонците и нивните пријатели и симпатизери од австралиското општество, со цел да се изгради македонски храм, што ќе им служи на православните Македонци, кои со гордост ја истакнуваа својата посебна национална припадност, богатиот фолкор и историјата.

sv-gorgi-melburn-2
Првата црква „Свети Ѓорѓи“

Првите подготовки за црковното органзирање датираат од карјот на 1955 година и од почетотокот на 1956 година, кога во Мелбурн, група активисти, меѓу кои беа: Ристо Алтин, Дане Трпков, Стојан Србинов, Петре Божанин и дуги, разменија мислења и ги разгледаа новонастанатите услови. Се дојде до заклучок дека треба да се пристапи кон нови пошироки форми на собирање што беше една од основните цели на МАНС при неговото основање и се донесе одлука да се формира македонска црковна општина. Кога се разгледаа сите аспекти на таквиот чекор и на таквата ориентација, тие излегоа пред ислениците и на низа собранија и манифестации говореа за неа и ја објаснуваа додека таа не допре широко меѓу иселениците и не стана нивна заедничка преокупација и акција.

Вистината за осоздавањето на македонската православна црковна општина и за изградбата на македонскиот духовно-национален храм наиде на силен отпор кај непријателите. Но, и покрај сè, на Илинден 1958 година, на свечен начин, а во присуство на голем број доселеници и симпатизери, беше поставен камен-темелникот на црквата ,,Св. Ѓорѓи“, којашто се наоѓа во Фицрој. Една година подоцна е поставена спомен-плочата на која стои: ,,Оваа црква е изградена за потребите на македонската православна општина“, а на 7 август 1960 година тогашниот епископ Злетовско-струмички г. Наум, во сослужение на поголем број македонски свештеници, го освети храмот на светиот великомаченик Ѓорѓи и тоа е прв храм надвор од Македонија осветен од македонски владика.

slika

Овој голем настан во Мелбурн беше од извонредно значење за Македонците во Австралија и пошироко, бидејќи црквата ,,Св. Ѓорѓи“ стана црковен и национален темелник што ги поттикна Македонците низ светот да се зближат, да постигнуваат подобри резултати и да се афиримираат себеси и македонската вистина во новата средина.

Историјата на црквата ,,Св. Ѓорѓи“ е многу бурна, таа има големо значење и силно влијание врз организирањето и работењето на, речиси, сите црковни општини во Австралија и пошироко. Во овој долг период на постоење, активностите во црковната општина варираа зависно од нејзината управа. Меѓутоа, паралелно со заживувањето на црковниот живот, се преземени чекори и за развивање на културно-просветни, спортски и други активности, бидејќи таа уште со самото формирање беше замислена како црковно-просветна институција на македонците доселеници. Притоа, посебно место им припаѓа на истакнатите исленици Васил Мојанов, кој беше прв претседател, потоа на Ристо Алтин, Ванчо Неделковски, Доне Трпев, Аспро Аспров, Стојан Србинов, Петре Божанин, Димко Колевски, Стојче Стојчев и на други истакнати активисти и од помладата генерација, кои придонесоа за афирмација на црковната општина и на македонските иселеници во Австралија.

Во составот на црквата започна со успех да работи Културно-просветното друштво ,,Светлост“, формирано кон крајот на 1960 година, чии членови покажаа голема љубов кон македонската народна песна и оро со толку пати покажани и докажани квалитети пред јавноста низ Австралија и во Македонја за време на нивните многубројни гостувања. Исто така, во состав на црквата работи пензионерска група и други секции. Во оваа црква во изминатиот период се извршени над 6000 крштевки, над 4000 венчавки и над 2000 се испратени во вечниот покој и мир, според обичаите и традициите на православниот македонски народ.

Црковната општина „Свети Ѓорѓи и Света Богородица“,  е добитник на престижната награда ,, Св. Климент Охридски“. Таму, со голем успех работи Женската секција, потоа неделното училиште на македонски мајчин јазик, фудбалскиот клуб, библиотеката, културно-просветниот центар ,,Епинг“, кадешто се наоѓа споменикот на Гоце Делчев. Епинг е собиралиште особено на младите, но се развиени и многу други активности на Македонците во мултикултурна Австралија.

sv-gorgi-knigi

Тој е прв македонски храм во дијаспората осветен од македонски владика, кој за прв пат ја изрече светата литургија на својот мајчин македонски јазик. Овој голем настан во Мелбурн беше од извонредно значење за Македонците во Австралија и воопшто за Македонците во дијаспората. Црквата „Св. Ѓорѓи“ ги поттикна Македонците ширум светот да се зближат, да градат и да црквуваат во свои духовно-национални храмови, со што се афирмираат како посебна нација и ја шират вистината за македонскиот народ и нивната дедовска земја – Македонија.

При нашата посета на Мелбурн бевме информирани дека, доколку се исклучат недоразбирањата за имотно-правните и други нецрковни, немакедонски и нехристијански односи, оваа црковна општина би претставувала средиште на најголем број активности.

Во 2000 година овој прв Македонски национален духовен центар го прослави својот јубилеј 40 години од формирањето. За жал, во септември 2000 година од непознати причини новиот храм го зафати голем пожар при што беше направена голема материјална штета. Тој е целосно реновиран, но лузната остана вечна.

 

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.