Жено,мајко во таинствената утроба го носиш својот пород - ранета птицо.
Во стомните изградени од ротацијата на денот носиш илјади солзи - болко на еден живот.
Жено,жено се раѓаше и раѓаш за да носиш во себе и со себе проклетство на илјади усти (судбино на нови рожби родилко,жено,стено.)
Со тебе и во тебе започнува и продолжува еден живот.
И живее едно време. Се наоѓаш вон просторот времен но во пулсот на животот земен.
Автор: Љубица Поповска
Првонаградена песна на конкурсот "Битола момо нагиздена" објавена од Фондацијата Такец
Фондацијата Такец покрај другите жени ги прогласи и Гордана Димовска и Љубица Поповска од Мелбурн за Жени-Безвремени.
Пелистер
Треперат и шумолат лисјата Во боровата шума, Поздравуваат патници Домашни и странци До бескрај одѕвонува нивниот звук Опојна убавина бескраен мир.
Цветови разнобојни опиваат со мирисот свој Чекориш со радост по ридот тој Пелистер те мами и го прати чекорот твој Те следи и гушка во пазуви од свила Природна убавина мила. Под сенките на молика
Да одмориш душа Песните од птиците кој ли не сака да ги слуша?
Како најубава мома во зелена руба Го красиш градот роден Чуваш тајни и легенди стари Восхитуваш и плениш со езеро Големо и Мало Две бисерни очи на твојата руба Ко најубав лек за сите рани.
Автор: Гордана Димовска
Второнаградена песна на литературниот конкурс “Битола момо нагиздена“ во организација на Фондацијата Такец, Битола.Macedonian timeline |