Среда, 14 Септември 2016   
ПАТНИК ПО ЅВЕЗДЕНОТО МАКЕДОНСКО НЕБО – НАЈНОВАТА КНИГА НА ГОРДАНА ДИМОВСКА

patnik-po-zvezdenoto-makedonsko-nebo

Во издание на Агенцијата за Иселеништво на Р. Македонија, деновиве излезе од печат најновата книга на Гордана Димовска, “Патник по ѕвезденото македонско небо“. Книгата е збир на раскази, песни за возрасни, песни за деца, научно-историски записи и легенди. Дел расказите се и на англиски јазик по барање на читателската публика од Австралија.

Авторката во воведот на книгата истакнува: “Пишуваните дела не можеа да видат бел ден заради окупациите и наметнувањето на туѓи јазици. Денес, каде и да сме во светот, го носиме тој белег на себе МАКЕДОНЕЦ, и самото име зрачи како силно сонце и не задолжува да го браниме својот идентитет, својата бурна историја, јазикот, традицијата, верата, културата – како составен дел од се она што не прави МАКЕДОНЦИ. Секој напишан збор на свој мајчин јазик има посебна моќ, битно влијае врз општествената свест и го соединува националното битие во најубавото значење на тој збор. Колку повеќе трагам по минатото на Македонија, толку повеќе ја разбирам неговата величина, посебност но и потреба да се истражува и запишува. Преку расказите и песните, во оваа книга, патувам по македонското ѕвездено небо, оживувам сцени од историското минато во 1900 година, но и сцени од животот на иселениците во 21- виот век.“

За нејзината книга професорот Ванѓелко Лозаноски пишува: Ова лето господово, Мелбурн, Австралија се збогатува со ново поетско и прозно дело, со книгата: „ПАТНИК ПО ЅВЕЗДЕНОТО МАКЕДОНСКО НЕБО“ од Гордана Димовска.  Гордана Димовска  спаѓа во оние македонски културни, научни и поетски дејци кои животот ги одделил од родните предели, од милите и  блиските во далечна Австралија. За да ја поврзе љубовта со родната Македонија, започнува со пишување новинарски записи, колумни и есеи, главно посветени на се што е поврзано за Македонија, животот и гледиштата од страна на иселеник. Има  објавено песни и раскази во книгата „Од љубов со љубов за Македонија“ во 2011, коавтор во книгата „Љубовната одисеја на Александар Македонски и Бела Ица“ - 2012  а во 2014 ја издаде книгата„Вечна светлина над Македонија“. А оваа е нејзина најнова книга, во која повторно  пулсира  љубовта кон родната грутка, која  никогаш не престанала, туку се продлабочила и добила свои димензии.

Таа неизмерна љубов и носталгија ја преточува во поезија, од која ти затреперува срцето. Нејзината поезија е откорната од душата напишан со неизмерна искреност која ја разоткрива, тагата, болката, среќата, љубовта, надежта и погледите сокриени во она што се нарекува душа-вечност.  Со оваа нејзина најнова книга, „Патник по ѕвезденото македонско небо“, македонската современа проза и поезија, се здобива со нова  везба на родољубиви, социјални, мисловни и љубовни песни и раскази, кои ја огреваат душата уште при прегледот  на содржината и разноцветните теми  и мотиви, кои се испреплетуваат и треперат како ѕвездите на небото и спомените, поврзани со денот.Во  македонската современа проза, таа се појави со своите родољубиви и психолошки раскази и новели. Таа со својот стил, отвори нова страница во македонската проза.“

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.