Среда, 14 Септември 2016   
Македонската православна црква „Свети Димитрија Солунски„ во Мелбурн (31)

sv-dimitrija-solunski

ОД ЖИВОТОТ И АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Мелбурн, бисерот на државата Викторија и еден од светските метрополи е центар и за македонските доселени. Таму, на тие простори, во тој индустриски, културен и административен центар на Викторија, Македонци од Егејска Македонија се доселиле уште во дваесетите години на минатиот век, на почетокот нивниот број бил многу мал, а потоа тој постојано се зголемува.

Рапидно зголемување на македонската популација се јавува по Втората светска војна, особено по Граѓанската војна во Грција и егзодусот на Македонците од Беломорска Македонија. Затоа денес се претпоставува дека во Мелбурн и околината живеат околу 50 илјади Македонци од сите делови на разделена Македонија. Меѓутоа, најбројни се од Битолско-Леринскиот дел, потоа од Костурско, Преспанско, Охридско, Прилепско, Скопско и од други делови на Македонија.

Првите организирани собирања на македонските доселеници во метрополата Мелбурн започнале меѓу двете светски војни. Така, уште во 1936 година е организиран првиот пикник, на кој учествувале бројни иселеници, а во 1944 година во Мелбурн е одржана Првата сојузна конференција на МАНС (Македонско-австралиски народен сојуз).

Денес во Мелбурн, во демократска Австралија има десетина  македонски православни цркви и црковни општини и манастира, стотина селски друштва, македонски културно-уметнички друштва, секции, македонски училишста, здрженија, асоцијации, таму се слуша македонскиот збор, песната и орото на етничкото радио, се печатат значајни македонски етнички гласила, со што Македонсците се чувствуваат како во Македонија.

sv-dimitrija-solunski-2

Еден од значајните духовно-национални, културни и просветни центри е, секако Македонската православна црква „Свети Димитрија Солунски“ во Спрингвел, северно предградие на Мелбурн. Црквата е израз на љубовта на Македонците кон Светиклиментовата православна црква и плод на заедничките сили на голем број ентузијасти и донатори кои своите сктивности ги крунисаа со купување на зградата за црковен храм.

Уницијативата за формирање на ова црковна општина датира од 1982 година, кога и се спроведе акција за собирање средства за купување на една готова црква што и припаѓање на Српската православна црква и која е преуредена во православна македонска црква.

На крајот од 1973 година овој храм е регистриран пред австралиските власти како Македонска православна црква „Свети Димитрија Солунски“ – Спринвел. Меѓу првите иницијатори и и членови на управата беа Јанко Георгиевски, кој е и прв претседател, Тони Трајчевски, потпретседател, Ламбе Стефанов, секретар, Илија Кузевски, заменик секретар, Слободан Николовски, благајник, како и членовите: Наумче Тасевски, Александар Јовановски, Симеон Трифунов, Васил Милевски, Спасе Ристевски, Младен Димевски, Јордан Иванов, Тодор блажевски, Борис Петковски, Драгутин Величковски и други.

Стариот објект на црквата „Свети Димитрија Солунски“ беше мала по простор, но голема како собиралиште на Македонците. Таа имаше храм помошни простории за училиштето, сала за неколку стотини посетители, голем паркинг и простор за одржување пикници и други манифестации.

Во јануари 1986 година, црквата „Свети Димитрија Солунски“ ја освети митрополитот Тимотеј во текот на неговиот престој и црковна визитација во Австралија. На овој значаен датум за Македонците и за македонската православна црква се собраа бројни иселеници од метрополата, свештеници пријатели на Македонците и претставници на автралиското општество. По повод осветувањето на црквата тогашниот премиер на Австалија г. Р. Хоук ја испрати следната порака:

„Со големо задоволство ја испраќам пораката до сите присутни на свеченоста по повод осветувањето на Македонската православна црква „Свети Димитрија Солунски“. Политиката на Владата на културен план е целосно да ги поддржува  напорите на сите етнички групи за зачувување и негување на нивните рамноправни јазици и културни традиции. Тие треба да создаваат вистинско прогресивно и карактеристично општество, во кое сите групи ќе имаат исти права, должности и можности за живот и работа во Австралија. Вашето дејствување во повеќе свери птидонесува за зголемување на напредокот на оваа земја, а вашите културни традиции и духот за заедништво се многу ценети и претставуваат голем придонес во севкупниот национален живот“, се вели во пораката на премиерот Хоук.

sv-dimitrija-solunski-3
Иконостасот на црквата „Свети Димитрија“

Денес црквата „Свети Димитрија Солунски“ има нов современ објект, кој  со својата архитектура привлекува и одушевува. Во него има храм и други помошни простории кои се неопходни за активностите на црковното и културното живеење на македонските иселеници. Посебен интерст зво оваа црква привлекува иконостасот кој е во македонски стил и претставува убав пример на зографисан македонски православен храм во кој доаѓа до израз духовноста на христијанската религија.

Во црквата „Свети Димитрија Солунски“  се одвиваат голем број активности кои заслужуваат посебно внимание. Притоа, треба да се нагласи дека во состав на цтквата покрај Управата со успех работи Женската секција, играорната група. неделното училиште и други секции. Во овој културно-просветен и национален дом младите македонски генерации имаат посебни перспективи за зачувување на своите дедовски традиции, обичаи и културни вредности. Затоа со право се вели дека црквата „Свети Димитрија Солунски“ претставува вистинско собиралиште  на македонските иселеници од Спрингвел.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.