Среда, 05 Октомври 2016   
Рио де Жанеиро - најпосетуваниот град во јужната хемисфера

brasil22

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – БРАЗИЛ (2)

Рио де Жанеиро има тропска клима која има карактеристики како и тропската монсунска клима и многу често се карактеризира со долги периоди на врнежи, најчесто, од декември до март. Во внатрешните области на градот, температурата достигнува и над 40°C и овие периоди се чести во летото, иако ретко траат долги периоди, додека максималната температура над 27°C може да се случи на месечна база. По должината на  брегот, ветерот кој дува наизменично, море – копно ја моделира температурата.

Ние летавме од Сао Паоло до Рио де Жанеиро,  кој често е нарекуван само Рио. Тој е главен град на Бразил и по Сао Паоло, втор по големина  и трета метропола во Јужна Америка, достигнувајќи над 6 милиони жители, во центарот и околу 12 милиони жители со околината, правејќи го шести град по големина во Северна и Јужна Америка, а дваесет и шести во светот. Овој град бил главен град на Бразил речиси два века, од 1763 до 1815 година за времетраењето на Португалската колонијална  ера, после 1815 до 1821 година станува главен град на Обединетото Кралство на Португалија, Бразил и Алгарвеш. Рио де Жанеиро многу често е нарекуван „Волшебниот град“. Тој претставува втор по големина град во земјата по бруто-домашен производ, а триесетти по големина во светот. Рио  е седиште на двете големи бразилски компании – Петробас и Вале, и големите нафтени компании и телефонија во Бразил, покрај најголемиот конгломерат на медиуми и комуникациски компании во Латинска Америка. Како дом на многу универзитети и институти Рио де Жанеиро е вториот по големина центар за истражување и развој во Бразил.

Praia de Copacabana
Плажата Копакабана

Овој град е најпосетуваниот град во јужната хемисфера и е познат по неговите природни опкружувања, славењето на карневалите, самбата, босанова и плажите како што се  Бара де Тихука, Копакабана,  Опанема  и Леблон. Во прилог на плажите оди и најпознатата знаменитост, огромната статуа на Исус Спасителот на врвот на планината Корковадо. Оваа статуа е дел од новите седум светски чуда. Потоа планината Шугер Лоф, Самбадроме, област во која се стационирани повеќе училишта за самба танцот и која се користи како авенија за времетраење на Карневалот. И на крај стадионот Маракана, еден од најголемите фудбалски стадиони во светот. Летните олимписки игри во 2016 година ќе се одржат во Рио де Жанеиро, а со тоа за првпат ќе се обележи Јужна Америка да биде домаќин на настан. Стадионот Маракана во Рио, исто така, ќе биде домаќин на финалниот меч за Светското првенство во фудбал во 2014 година, а во 2013а година Рио де Жанеиро беше домаќин на Светскиот ден на младите.

Поновите историски податоци за Бразил, односно за Рио, укажуваат дека Америго Веспучи бил првиот морепловец - Италијанец кој стасал во Рио. Тоа се случило во далечната 1502 година. Славниот морнар бил приклучен во португалската експедиција, која открила многу земји, меѓу кои и новиот јужно-­аме­ри­кан­ски континент. Кога Португалците дошле на тоа парче земја и кога нивниот брод за прв­­ пат го заминал Шугер Лоф и навлегол длабоко во заливот Гуанабара, навигаторот забележал ситно струе­ње на водата и помислил дека впловил во уто­ка на некоја голема река. Тоа се случило во по­чет­о­кот на јануари и затоа новото место го нарекол Рио де Жанеиро, што значи „јануарска река“.

Португалците му посветувале малку внимание на Рио де Жанеиро, бидејќи со откривањето на но­вите територии, требало нивната главна грижа да биде од­бра-ната од Индијанците и од француските ос­во­ју­в­ачи. Но, работите од корен се измениле кога се от­криени златото и дијамантите во државата Минас Же­раис. Ова богатство било наменето за кралскиот пор­тугалски двор, чиј директен пат до него водел преку Рио де Жанеиро, а оттаму преку океанот за Европа, односно за Лисабон и Португалија. Затоа пристаништето во Рио само се проширувало и наместо градот Бахија, Рио станал главен град на новата колонија во 1763 година.

rio2016

Исто така, во литературата за Бразил се вели дека кога Наполеон Бонапарта нав­ле­гол во Португалија во 1808 година, кралскиот двор бр­зо пребегал во Рио де Жанеиро, уживајќи во сета своја раскош и убавина на новите простори. Животот течел, парите и дијамантите се множеле, а кра­л­скиот двор се проширувал и станувал сѐ посилна инс­титуција. Така, по смртта на португалската кра­лица Марија во 1816 година, принцот Дон Жоао бил кру­нисан за крал, а Рио станал главен град на Пор­ту­галија. Провинцискиот град со тропска клима, за разлика од европскиот Лисабон со медитеранска клима, станал вистински цивилизиран со банки, пош­ти, музеи, патишта, цркви, културни и други об­јек­ти и установи, а француските модни креатори ја под­­готвувале облеката за членовите на кралскиот двор.

Но, еден ден во 1821 година кралот се вратил во Португалија. Веднаш по неговото заминување дош­ло до израз незадоволството во државата со која продолжил да управува неговиот син. Всушност, тоа било почеток на борбата за слобода на Бразилците, кои барале заминување на странците.

brasil2
Карневал во Рио        

Притисокот бил голем така што наместо да се врати во Португалија и да биде португалски владетел, на 7 септември 1820 година тој прогласил неза-висност на Бразил, крунисувајќи се за император, со титула Дон Педро Први. Непослушниот император започнал да води расипнички приватен живот и да троши огромни суми пари. Во скандалозниот начин на жи­ве­ење, станал татко на четири деца со слу­гин­ки­те. Раз­вратот и  некадарноста да владее и да ја води др­­жавата по девет години го натерале Дон Педро Први да абдицира во корист на својот син кој имал само пет години.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.