Среда, 12 Октомври 2016   
Стефан Наумов - Стив

Stefan Naumov-StivСтефан Наумов - Стив ( 27. X 1920 - 12. IX 1942) е македонски деец, првоборец и народен херој. Повеќе пати бил апсен како комуниста. По Априлската војна во 1941 година работел  на организирање на оруженото востание во Македонија, а во април 1942 година учествувал во формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“. Во мај бил вклучен како член на привремениот ПК на КПЈ за Македонија и член на Оперативниот штаб за Македонија. Загинал во борба со бугарската полиција, заедно со поетот и народен херој Димитар Богоевски – Мите.

Стефан Наумов е роден на 27 октомври 1920 година во Битола, во печалбарско семејство. Се образувал во родниот град, каде завршл гимназија. Уште за време на гимназиските денови се истакнувал во работата на литературната секција, преведувал од германски текстови за организацијата „Трезвена младина“, а бил и добар гимнастичар. Во училиштето се запознал со Кузман Јосифовски - Питу, кој бил познат младински раководител и организатор на напредните средношколци. Покрај Кузман, Стив почнал да се интересира за марксизмот.

По завршувањето на гимназијата во Битола се запишал на техничкиот факултет во Балград. За време на студиите на Белградскиот универзитет бил многу активен во студентското движење. Учествувал во сите манифестации и демонстрации. Во текот на една од демонстрациите, на кои раководел со удрна група, бил уапсен и шест дена поминал во озогласениот затвор „Главњача“, а потоа бил протеран во Битола. По извесно време се вратил во Белград но повторно бил уапсен.

Во 1939 година му било фатено писмо во кое Стив имал запишано: „Сега е време ние Македонците да станиме“. Тоа било до негов другар додека бил студент во Белград. Писмото го откриле српските власти поради што бил тепан. На прашањето од каде е? Тој им рекол: „Јас сум Македонец од Македонија“.

Во 1939 година станал член на СКОЈ и КПЈ, а во септември 1940 година бил поставен за секретар на Месниот комитет на КПЈ во Битола.

По Априлската војна и окупацијата на Кралството Југославија во 1941 година, Стив Наумов како секретар на МК КПЈ во Битола и околината работел на организирање на оруженото востание. Собирал оружје и работел на формирање на првите вооружени групи.

Во јули 1941 година преминал во илегала, а во април 1942 година учествувал во формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“. Во мај 1942 година бил вклучен како член на привремениот ПК на КПЈ за Македонија. и станал член на Оперативниот штаб за Македонија. Покрај организациската работа активно се борел против окупаторот. На 6 мај 1942 годна на улица во Битола го убил полицискиот началник, а во август раководел со партизанската акција против Бугарите во селото Кожани. 

Како раководител на народноослободителната борба во Битола се состанал со поетот револуционер и секретар на Обласниот комитет на КПЈ за Ресен  Димитар Богоевски – Мите, заради договор околу кординација на партизанските одреди. Стив и Мите се сретнале повторно на 12 септември 1942 година и заноќиле во една куќа во близина на селото Болно.

Бугарската полиција која била во потера по партизаните ја опколиле куќата и ги повикале Стив и Мите да се предадат. Не сакајќи живи да паднат во рацете на окупаторот, започнале борба со непријателот, а кога им снемало муницаја со последната бомба извршиле самоубиство. 

Бугарската војска ги изложила телата на Стив и Мите во селото Болно за да ги препознаат блиските, а по нивното фотографирање биле закопани во близина на местото каде загинале. Меѓутоа, бидејќи  народот не ги заборавал и почнал да ги посетува гробовите, бугарските војници ги откопале телата и ги оставиле покрај реката да се распаднат, а потоа ги однеле во непозната насока.

Народот не го заборавил. Една година по неговата смрт, Битолскиот баталјон, формиран на 11 ноември 1943 година во леринското село Винени, бил наречен по него. А по Втората светска војна, партизанските гробишта во Битола бил подигнат гроб на Стив Наумов, но тој останал празен. Во алејата на партизаните почива и неговиот брат Ѓорѓи Наумов (1914 - 1942), кој бил обесен во скопскиот затвор.

Стив Наумов е меѓу првите борци на Народноослободителната војска  кој со Указ на АВНОЈ, на 29 јули 1945 година бил прогласен за народен херој.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.