|
|
Бројни информативни гласило во Авсатралија со името „Македонија“ (6) |
Голем број информативни гласила во Австралија биле и се со името „Македонија“, со што ја изразуваат љубовта и почитта кон својата дедовска земја. Такво е гласилото „Македонски иселенички весник“ (1966-1967), чиј прв број се појави во август 1966 година на шест страници, како продолжение на „Билтенот на Македонската православна црква Св. Ѓорѓи“ од 1965 година. Првиот број на „Македонски илинденски весник“ е отпечатен по повод прославата на Илинденското востание. Во него преовладуваат текстови за Илинденското востание, статии по повод 40-годишнината од смртта на Крсте Мисирков; за 105О-годишнината од смртта на св. Климент Охридски и друго. Посебно место е посветено на десетгодишнината од создавањето на Македонската православна општина во Мелбурн, потоа информации за работата на македонската општина во Перт и за илинденските прослави. Не е наведено кој го уредува весникот, но се чини уредници се членови на црковната општина. Друтиот број на „Македонски илинденски весник“ излезе во автуст 1967 година, на десет страници, на формат 28 х 42 см. Тоа е издание на македонските општини од Мелбурн, Перт; Аделајд, Були, Вулунгонт, Порт Кембла, Њукасл; Квинбијан и Шепартон. На првата етраница е поместена фотографија од Гоце Делчев, а текстот носи наслов „Поклон и вечна признателност на хероите од 1903 и на тие од 1941-1949 година“ со поднаслов „Животвори духот на Илинден“. Во продолжение се поместени честитките од Синодот на МПЦ и на Матицата на иселениците од Македонија, како и опширниот текст кој се однесува на животот и работата на македонската црковна општина „Св. Ѓорѓи“. Важен простор му се посветува на текстот за прогласувањето на Македонската православна црква за автокефална; проследен со фотографија на поглаварот на обновената Охридска архиепископија, македонскиот архиепископ Охридски и Македонски г.г Доситеј. Голем простор во овој број е посветен на работата во македонските заедници ширум Австралија, каде што се одвиваат и бројни и значајни активности, како и текстот што се однесува на македонскиот народ и последните настани во Грција. Од ова гласило ое отпечатени само два броја. „ЗА ЕДИНСТВО“ (1966) — СИДНЕЈ Со пропаѓањето на „Единство“ во 1965 година, се направи уште еден обид да излезе весникот, но во нешто изменето име. Така, се појави под наслов „За единство“ во ноември 1966 година како бр. 3. Весникот кој повеќе личи на леток, се појави во Сиднеј и од него е отпечатен само еден примерок, на 4 страници, формат 20 х 31 см. Отпечатен е на англиски и на нечист македонски јазик, а и насловот (клишето) на весникот е на латнница. На првата страница на англиски јазик е поместена статијата под наслов „Кој се Македонците? од иселеникот Стојан Србинов, објавена на 19 септември во весникот „Аустралиен“, кој истакнува дека Македонците се посебна нација на Балканот. Меѓутоа, во продолжение на првата и четвртата страница, исто така на англиски јазик Ило Малков, поранешен член на МАНС, за жал, спори со статијата на Србинов и укажува на некаков бугарскиот карактер на Македонија. Во продолжение се поместени текстови посветени на војната во Виетнам и насилното земање на Австралијанци да одат на боиштето и за мирот во светот. Посебен простор е посветен на гостувањето на КУД „Светлост“ од Мелбурн во Сиднеј и Њукасл. „МАКЕДОНСКИ ВЕСНИК" (1967—1975) — МЕЛБУРН Исто така, посебен простор во публикацијата „Македонскиот иселенички печат“ на авторот на овие редови е посветен на гласилото „Македонски весник“. Во неа, меѓу другото, се вели дека со зголемувањето на активностите во македонската општина во Мелбурн, се зголеми и потребата за почесто издавање на иселенички гласила. Затоа, на местото на двата броја од „Македонски илинденски весник“, а и како продолжение од поранешниот „Македонски билтен“, во декември 1967 година како божикно издание се појави првиот број на „Македонски весник“, но бидејќи не е билтен, ниту е врзан само за Илинден, се вика само „Македонски весник“ (1967-1975). Гласилото не е редовно, туку излегува обично три пати: пред Божиќ, Велигден или Илинден, затоа и во поднасловот се дава дека е божиќно, велигденско или илинденско издание. „Македонски весник“ е публикуван како орган на Македонската православна заеднида за Мелбурн и Векторија „Св. Горѓи“ во Фицрој, а е издание на македонските општини во Мелбурн, Перт, Аделајд; Були, Вулунгонг, Порт Кембла, Њукасл, Квинбијан и Шепартон, што значи на сите македонски иселенички колонии во кои постојат поголеми концентрации на македонско иселаништво и организиран живот. Весникот се печати на македонски јазик со латиница, во кој се поместувани н голем број фотографии, а често има текстови и на англиски јазик. Тој се печати на среден формат 28 х 42 см. и технички и содржински е еден од подобрите весници за своето време на излегување. Првиот број на „Македонски весник“, како божиќно издание се појави во Мелбурн, во декември 1967 година, на 4 страници. Него го уреди Уредувачки одбор од членовите на Црковната општина, без да се наведе кој е главен уредник. Всушност, овој број е посветен на прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква, во кој се потенцира значењето на тој историски чин за македонскиот народ. Потоа е објавен текст дека се формираат епархии за македонските цркви во Австралија, САД и Канада, како и за новоизбраните македонски владици. Вториот број е велигденско изданке од аптрил 1968 година. Тој; е печатен на 10 страници, на ист формат што ќе се задрожи и во идните броеви. Третиот број, пак, се појави во август 1968 година како илиденско изание. Целиот број е посветен на Илинденското востание. Во него се вклучени материјали за активностите на македонското население и неговото учество во Илинденското востание, дадени се и материјали за македонските дејци од тој период, а во декември 1968 година се појави божиќното издание. Бројот е отпечатен на 8 страрници на македонски со латиница, со ист формат и слична содржина како и претходните броеви.
Во наредниот период „Македонски весник“ излезе за Велигден и Илинден во 1969 година, а во 1970 година се отпечатени две изданија. Илинденското издание е отпечатено на 12 страници, а декемврискиот број за 1970 година, пак како божиќно изддние е отпечатен само на 4 страници на кои се поместени текстовите „Пред црковно националната конференција на Македонците во Австралија“ и други. Во април 1971 година како велигденско издание „Македонски весник“ се појави :на 10 страници со: голем број интересни текстови, меѓу кои текстот за Првата црковно-национална конференција на Македонците во Австралија, кој е проследен со бројни фотографии од македонски револуционери, а се презентирани заклучоците и решенијата од Конференцијата. Декемврискиот број од 1971 година, како божиќно издание е посветен на стогодишнината на роденденот на македонскиот син Гоце Делчев (1872—(1972). Весникот е печатен на 20 страници, на кои е поместена фотографија од споменикот на Гоце Делчев, што е во Градскиот прк во Скопје, проследена со пригоден текст за револуциоиерот. Априлскиот број на „Македонски весник“ од 1972 година, всушност е велигденско издание и е отпечатен иа 4 страници, а августовскиот број, за 1972 година е илицденско издание, кој е отпечатен на 12 страници и е посветен на петгодишниот ју- билеј на Македонската православна црква. По повод божиќните празници во декември 1972 година се појави уште еден број на „Македонски весник“, којшто е отпечатен на 4 страници, потоа во април 1973 година е отпечатен велигденскиот број и по повод илинденските празници во август 1973 година се појави уште еден број. Бројот од август 1974 година е посветен на јубилејот 30 - годишнината на Република Македонија. Весникот содржи 14 страници, а на првата страница е поместен текстот под наслов „Честит празник Републико наша“. Поместена е фотографија од Никола Карев и текст за Илинденското востание. Поголемиот дел од весникот е посветен на активностите на македонските православни општини во Мелбурн и Викторија. Во декември 1974 година се појави нов број на „Македонски весник“ Тој е отпечатен на 4 страници и е посветен на Црковно-народниот собир што се одржа во Калишта - Струга на 29 и 30 октомври во 1974 година, на кој учествуваа делегати и од иселеништвото, а се објавени и решенијата и заклучоците од Соборот. Изданието на „Македонски весник“ од август 1975 година, се чини е последно и е отпечатено на 8 страници и е посветено на македонските празнувања. Во него се дадени текстовите од културно-просветниот и општествениот живот, потоа за Македонското неделно училиште, како и други вести од општествено-културното и спортското живеење на Македонците во Австралија. Продолжува
|