|
|
Загриженост по повод моменталната кризна состојба во Република Македонија |
Иван ТРПОСКИ Поради состојбата во која се наоѓа Р. Македонија , искажувам загриженост не само за разнебитувањето на нашата татковина, на која и демне двојазичност, кантонизација и бришење од историските и географски карти на светот, туку и од лични одмазди на владини личности и народно крвопролевање.
За нејзиниот пад на колена, покрај странските дипломати и соседските негатори, најсилен фактор за осудувување е домашниот фактор, кој поради партиски надмудрувања и лични пресметки за лидерство на државата, предизвикаа не само партиска омраза на народот во Македонија, туку и поделби меѓу роднинските врски на Македонците насекаде во светов. За опстанокот на државата во овие 26 години, покрај огромните корупциски обогатувања на мнозинството од министрите на владеачките и опозициските партии, се чудам, како толкава мала земја да биде лидер во соседството и кон врвот на европските земји по вработеност и бизнис клима. А неодамнешната статистика забележува дека во јавниот сектор во РМ има 129.653 вработени, но ако на овој број се додадат функционерите и јавните претпријатија во државна сопственост, вкупната бројка надминува 145.000 вработени кои земаат плата од буџетот. Значи во оваа бројка спаѓаат сите оние кои работаат и кои не работаат, а се на платен список и се хранат на државни јасли. Секако болно е чувството и за нашата надворешна дипломатија, која сакале да признаеме или не, тие, во изминатиов период, не си ја вршеле работата како што треба. А како ќе ја вршат работата кога извесни дипломати наместо да ги одржуваат врските на Р. Македонија со земјите во кои тие допатувале, на мнозинството од нив првенствена им е соработката со нивните колеги од Албанија и Косово и за нивна афирмација, а не за земјата од која земаат дебели плати. Овој факт најмногу допринесува за причините со условување во идниот парламентарен состав во Р. Македонија и пробив на наметнатата Тиранска платформа. За жал на многу Македонци, вклучувајќи ја и партијата на ВМРО – ДПМНЕ која не ја прифати срамната платформа од Тирана и мандатот за составување влада му го врати на претседателот Иванов, но за среќа на лидерот на опозицијата на СДСМ Зоран Заев и на неговите приврзаници, кои гордо ја прифатија платформата и влегоја во коалиција со повеќе албански партии и забрзано го бараат мандатот од претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов за да состават влада. И што после тоа!? Иванов, му кажа на Заев, а и на европратениците Могерини, Хан, Жбогард, Кукан...дека мандат не му го дава на човек кој го уништува Уставот на РМ и ги поткопува темелите на државата со воведување на двојазичност низ цела територија и менување на македонските симболи: грб, знаме, химна, пари... После оваа одлука Иванов стана херој за мнозинството на македонскиот народ, но не за Заев и неговите коалиционери. Народот, за да ја зачува унитарноста на државата, започнува со маршеви низ сите градови на Македонија со извикување на паролата „За заедничка Македонија!“ А каков ќе биде одговорот од оние европратеници кои половично се смеат и тивко зборуваат? Дали и тие ќе ја разберат болката на народот, или ќе ја прифатат спогодбата на Заев со коалицијата, па во нивни стил ќе го притискаат Иванов да попушти и да му го даде мандатот на Заев. А што ќе се случува понатаму, тоа ќе покаже времето и нервите на народот. Кога сме при евро-пратениците и нивната ѓаволска нарав, да не ја заборавивме лекцијата што му ја одржаа на Милошевиќ, кој им покажуваше заби и тупаници на НАТО-вци, наспроти косоварите кои на америчките генералии со знамиња во рацете (америчко и албанско), топло ги дочекуваа и милосно им ги бакнуваа рацете како на свои ослободители. За Србите, Милошевиќ постана херој, но не и за НАТО-вците. Па знаеме како заврши „воинствениот“ Слобо. Да не заборавиме и за непослушноста на тогашниот наш претседател Борис Трајковски, кој со својата заложба за 400.000 косовски бегалци да им обезбеди пристоен прием во РМ на странските дипломати, кои го притискаа за повисоки стандарди за бегалците, ќе им каже: Колкави ни се можностите, толку ќе им дадеме, ако вие имате повеќе за да им дадете, земете си ги кај вас! Со овие зборови Трајковски постана македонски херој. Но не и за Умпрофорците и НАТО-вците. Знаете како заврши и тој. Не дај Боже тоа да му се случи и на многу почитуваниот македонски претседател Иванов. По тој повод искажувам загриженост најмногу за животот на Иванов, а и за животите на многу Македонци, тогаш ќе биде доцна и за прочка и за каење, ако овој национален проблем не се реши на мирен начин, без тепачки и крвопролевање. |