Среда, 26 Април 2017   
Гласачите од дијаспората ја разобличија лагата на СДСМ

glasovi6540

Голема лага на СДСМ за иселувањето од Македонија: Ако се иселиле 600 илјади граѓани поради “режим“, тогаш зошто СДСМ освои помалку од 2.000 гласа од дијаспората и се бореше да се одземе правото на глас?

Гласачите од дијаспората ја разобличија лагата на СДСМ за бројот на иселени лица од Македонија. Наспроти тврдењата дека над 600 илјади лица се иселиле од Македонија поради незадоволството од т.н. режим, СДСМ на последните избори освои помалку од 2.000 гласови.

Подолг период наназад, СДСМ и нејзините медиумски мегафони постојаноманипулираат со лаги и нереални бројки поврзани со иселувањето од Македонија . Без научна и ниту било каква друга основа, СДСМ постојано продолжува да манипулира дека од земјава поради “режимот“ се иселиле дури над 600 илјади граѓани.

Во предизборието, исклучиво за политички цели, СДСМ тврдеше дека  од Македонија се иселиле 626.312 луѓе до крајот на 2013 година, а кога ќе се додаделе и иселените во 2014, 2015 и 2016 година, бројката на иселени била драстично поголема. Дека ваквите манипулации не се ништо друго, туку само од ракав фрлена бројка во политичката борба покажува фактичката бројка на освоени гласови на СДСМ на изборите во декември минатата година.

Прашањето кое легитимно се поставува на ваквите лажни бројки пласирани од СДСМ е ако од државата се иселиле над 600 илјади граѓани поради “режимот“, како што тврди партијата, тогаш зошто СДСМ на изборите одржани во декември минатата година освои помалку од 2.000 гласа од дијаспората и пред тоа се силно бореше да се одземе правото на глас на македонските иселеници? Иако “незадоволните иселеници“ се голем потенцијал за нивни гласачи, сепак беше нејасно зошто СДСМ не сакаше истите тие да гласаат и ги направи сите можни опструкции, манипулации и изигрувања вредноста на нивниот глас да се намали што е можно повеќе,

Според тврдењата на соросовите експоненти и самиот СДСМ, причината за иселувањето на овој огромен број лица била поради лошите политики на власта и лошите постапки на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. КУРИР уште тогаш пишуваше дека формално СДСМ се залага за пратениците од дијаспората да се бираат според просечниот број на гласови за кој се избира пратеник во Македонија, но суштински и остварено во пракса значи дека тие ќе останат без пратеници во македонското Собрание, што практично и се потврди со резултатите од декемвриските избори.

Според нивната логика и нивната математика, над 600 илјади незадоволни и иселени се голем потенцијал за нивни гласачи, бидејќи според нивните тврдења тие ја напуштиле земјава незадоволни од власта. Од сето ова произлегува дека СДСМ очигледно некаде лаже и е неконзистентна, бидејќи нема никаква логика да не сака да гласаат оние кои незадоволни од нивниот политички опонент ја напуштиле Македонија.

Одговорот зошто СДСМ толку се бореше да ги неутрализира гласовите од дијаспората лежи и во резултатите кои доаѓаат од од последните избори, каде ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во однос на СДСМ, но поради наметнатиот нереален цензус од СДСМ, пратеник не беше избран.

Она што посебно излегува на виделина се манипулациите и лажниот мит кој го создаде СДСМ за иселени над 600 илјади граѓани поради незадоволството од т.н. режим. Доколку имаше и барем малку вистина во ваквите тврдења на партијата на Заев, тогаш СДСМ без проблем ќе ги добиеше трите пратенички места од гласовите на “незадоволните иселеници“, а немаше да освои очајна бројка од 2.000 гласови.

Курир

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.