Среда, 26 Април 2017   
ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на Канада

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на Канада - Побарано е Министерката за надворешни работи да ја повлече својата изјава за Македонија и да даде поддршка на суверенитетот на Република Македонија

chrystia-freeland

- Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов, се сретна со високи претставници на Департментот за дипломатски односи на Канада и побара Министерката за надворешни работи на Канада, Кристија Фриланд, веднаш да ја повлече контрадикторната изјава за Македонија, и да ја поддржи борбата на Македонија против странско мешање.

Во изјава дадена за Украина, министерката Фриланд го кажа следново: “Канада е непоколеблива во својата поддршка за Украина. Подготвена е да им помогне за да се зачува и заштити суверенитетот на Украина, како и да обезбеди помош за Украина за спроведување на клучните реформи.”

Идентична изјава можеше да даде и за Македонија, но министерката Фриланд избра да го поткопа суверенитетот на Македонија барајќи мандат да се даде на коалиција чија јавно објавена намера е да се смени македонското име, идентитет, знаме, химна и грб, што претставува закана за територијалниот интегритет на Македонија. Во прилог на кампањата за оваа платформа, анти-македонската коалиција неодамна и официјално ја претстави во парламентот. Македонците масовно протестираат против оваа платформа и во одбрана на својата земја.

Занесеноста на министерката Фриланд е во очигледната причина за нејзината изјава да биде “...во согласност со Уставот”, бидејќи во македонскиот Устав е јасно истакнато дека мандат не може да се даде на коалиција која што претставува закана за „унитарниот карактер на Македонија“. Многу разбирливо. Отфрлајќи било какво странско мешање, немирите и масовните протести покажуваат комплетен недостаток на смисол за правичност од страна на Фриланд. Во најдобар случај, фактите покажуваат дека таа нема сознанија за моменталната ситуација, или во најлош случај, дека таа е соучесник во поддршката на странски интервенционизам во Македонија.

Соединетите Американски држави, некои земји од Европската Унија и, за жал, Канада, борбата на македонскиот народ за одбрана на својата држава ја третираат како борба на „леви против десни“. Ова не е прашање на политичка идеологија. Туку непартиска одбрана против платформа поддржана од САД, изготвена во Албанија под раководство на албанскиот премиер Еди Рама, а насочена кон редефенирање на македонската етничката припадност и суверенитет. Канада во минатото знаела да се спротивстави на ваква напади, а сега е дел од нив. Изјавата на министерката Фриланд е во спротивност со долгогодишната политика на Канада против странски интервенционизам и претставува всушност навреда за канадските вредности на правото на самоопределување и на човековите права.

ММДЧП бара од министерката Фриланд да ги објасни причините за нејзината изјава и да објави кога може да се очекува демант. Да се молчи за овој проблем не може да биде опција, особено што нејзината изјава ги разгорува етничките тензии во Македонија. Ова не е таа Канада што ние ја знаеме.

---Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.