|
|
Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ ја одржа Свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј |
Во неделата на 28–ти мај, 2017 година, со најголеми почести се одржа чествување на славните Браќа Свети Кирил и Свети Методи. Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс , како и секогаш, натпросечно ја организира оваа величенствена свеченост на која присуствуваа родителите и учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во етничките и редовните основни училишта, како и во саботните средни училишта. Свеченоста се одржа во Црквата “ Свети Кирил и Методи“ во Сиднеј. На свеченоста, гостите ги поздрави Господинот Алберт Вела, Потпретседател на Федерацијата за јазици на зедницата, ги поздрави присутните и нагласи дека:„ Македонскиот просветно училишен одбор е значајна општествена институција во НЈВ, која динамично, активно и високо квалитетно ја организира наставата по македонски јазик во сите училишта. Напорната работа на учителките и волонтерите, постојано е пример за другите заедници во Нов Јужен Велс.“ За делото и значењето на Светите браќа Кирил и Методи зборуваше Претседателот на Македонскиот просветно училишен одбор , Госпоѓата Жаклина Михајлова, која меѓу другото рече: Денес , кога од сите страни маккедонскиот јазик го потценуваат, а нас Македонците нѐ омаловажуваат, нѐ множат со нула, безобразно ни го крадат нашето и не учат дека сме ништожни, денеска кога, заради туѓи интереси нашите го крадат нашето, должни сме, каде и да сме, колку и да сме, достојно да ја зачуваме вистината и да не дозволиме да нѐ снема. Денеска , повеќе од било кога ни се потребни мисионери, мудри филозофи и научници како Св. Кирил и Методиј.“
Програмата ја водеше Господинот Благоја Јосифовски, кој е успешен млад Македонец. Во својот говор тој истакна: „Благодарение на Министерството за образование на НЈВ, кое овозможува , македонскиот јазик да се изучува во етничките , редовните и саботните средношколски центри и на вложениот доброволен труд на сите членови на МПУО, јас, некогашен ученик во тие училишта, денеска стојам, рамо до рамо, со моите први учителки, стојам пред вас како секретар на МПУО и како учител кој ја учи денешната генерација ученици по македонски јазик. Користете го македонскиот јазик што повеќе во вашите семејства. Приликите што ќе ви се отворат преку мулти – лингвизмот во вашите криери се непроценливи, зашто живеете во свет кој што е толку технолошки и културно поврзан , толку зависен од познавањето на повеќе јазици“. Потоа на заслужните учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во Нов Јужен Велс,од сите редовни и етнички основни и средни училишта им беа доделени Признанија и Награди. Специјални Благодарници им беа врачени и на активисти и доброволци кои го помагаат изучувањето на македонскиот јазик. Добитници на Признанија за изучување на македонскиот јазик во Нов Јужен Велс: Ана Николовска, Роберт Шопов, Емили Касовска, Филип Менчевски, Стивен Радически, Деан Радически, Емилија Гашоска, Ивана Велјановска,Софија Ничоска, Емили Ничоска, Јован Ташковски, Маркус Митревски, Александра Марковска, Оливија Козаровска, Лили Наумовска, Алекс Николоски, Илија Урошевски, Филип Кузмановски, Стефани Момировска, Сузана Чумковска, Ема Симоновска, Александар Роперти, Рејчел Стевановска, Анѓела Наумовска, Изабела Бошевска, Натали Талевска, Силвија Велјанчевска, Ванеса Новак, Миа Грабовац, Марко Гурабиовски, Викториjа Ламановскa , Кристина Николоска , Катерина Николоска , Џесика Попоска , Христијан Спироски, Изабела Спироска, Анастасија Секулоска, Анастасија Секулоска, Моника Секулоска, Маја Аполевска, Самуил Анѓелкоски, Филип Дулески, Бренден Николоски, Јасмина Босилковска. Заслужни членови на МПУО и пријатели на македонскиот јазик: Алберт Вела, Поп Наум Деспотоски,Отец Гаврил од црквата Св.Петка, Кире Пашовски, Ирена Велјанова, Јове Стојановски, Македонски Телефонски Именик, Тоде Кабровски, Елизабета Стојановска, Иван Трпоски, Радица Бојковска-Димитровска, Драган Димитровски (Мак Видео), Управа на МПЦ “ Света Петка“ Рокдаел, Управа на МПЦ Кирил и Методија – Розбери, Киро Илиески, Македонска детска градинка „ИЛИНДЕН“, КУД „Илинден“, Пецо Наумовски, Ана Наумовска, Цане Ристески, Стојан Трајковски, Зара Јошевска- Travelworld Wollongong, Georgievski Bros pty Ltd, Бранко Наумовски,Елизабета Хаџиевска, Carlton Public School, Љупчо Ничовски, Елизабета Кузмановска,СузанаУрошевска,КиреПростиженовски, Гари Чумковски, Вики Бошевска, Анкица Николоска, Гордана Клисарова, Доне Кочанковски, Николче Митрески. Учителки и учители во македонските училишта на НЈВ: Жаклина Михајлова, Мери Петковска , Дијана Јовчевска, Лидија Славеска,Сузана Стојановска,Александра Кузмановска,Наташа Котевска, Силвана Трајковска , Весна Трајковска –Гергис,Виолета Тодоровска, Мила Нацковски, Дона Ѓеоргиевска, Драгица Митев, Лилјана Спировска, Емилија Жупаноска, Цвета Чумковска,Трајана Стојановска, Славица Ристеска,Зора Јанева,Сузана Исајлова, Зоранчо Маркоски, Дарко Левковски,Даница Маркоска,Билјана Божиноска,Благоја Јосифовски, Јадранка Димитрова, Дона Ѓеоргиевска Жаклина Михајлова - Учителката За македонскиот јазик Ти не си само мајчин јазик, Жаклина Михајлова - Учителката |