|
|
ВАСИЛ СТЕРЈОВСКИ ЗА ПРАТЕНИК ВО ПАРЛАМЕНТОТ НА АЛБАНИЈА! |
МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АЛБАНИЈА ВАСИЛ СТЕРЈОВСКИ ЗА ПРАТЕНИК ВО ПАРЛАМЕНТОТ НА АЛБАНИЈА! 3 јуни 2017 година, Корча, Албанија - Кандидатот за пратеник во Парламентот на Албанија, Васил Стерјовски, упати повик за престојните парламентарни избори што се одржуваат на 25 јуни годинава. - Почитувани Македонци и Македонки, драги мои сонародници, на престојните парламентарни избори во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) настапува во коалиција со Социјалистичко движење за интеграција (LSI). Според договорот за коалицирање помеѓу МАЕИ и LSI, јас сум кандидат на листата на LSI во округот на Корча. Благодарност до МАЕИ за поддршката да ја претставувам на изборите на 25 јуни. Чест ми е што со ваша поддршка доследно ќе ги претставувам и ќе им служам на Македонците и на сите граѓани во округот на Корча. Дојдено е времето Македонците да бидат претставени во Парламентот на Албанија, да се слушне нашиот глас! Договорот на МАЕИ со LSI ќе ни овозможи интеграција на Македонците во институциите на власта во Република Албанија, економски развој на областите каде што живеат Македонците, заштита на македонскиот јазик, култура и обичаи. Убеден сум дека со вашата поддршка ова и ќе го постигниме! - апелира Васил Стерјовски. Кон поддршката се приклучува и Светскиот Македонски Конгрес за семакедонско помирување и обединување во Албанија, на престојните парламентарни избори Македонците да го добијат својот прв пратеник! Светскиот Македонски Конгрес ги повикува сите Македонци во Албанија, независно од политичката припадност, излезете масовно и гласајте за Васил Стерјовски и LSI! |