Среда, 12 Јули 2017   
Свечено и масовно одбележан патрониот празник на Охридското друштво

Едно од најактивните роднокрајни друштва во Мелбурн, во државата Викторија, Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски Чудотворец“, многу свечено, масовно и достоинствено го одбележа денот на својот патрон, и познатиот духовен македонски празник.

ohridsko-socijalno-drustvo-1

На традиционалната манифестација што се одржа во преполнетиот раскошен Емералд Ресепшн  во Томастаун, присуствуваа околу 500 гости, меѓу кои, амбасадорот на Република Македонија во Австралија  Веле Трпески, генералниот конзул во Мелбурн , Бети Коруноска,претставници на властите од државата  Викторија и многу  Охриѓани и наши  сонародници од сите делови на македонската земја, кои век векуваат на петтиот континент.

Овој импозантен собир најпрво го поздрави потпретседателот Мишко Амрен, а потоа пригодно обраќање имаше претседателот на Охридското друштво Васко Ангеловски,  еден од најзаслужните, заедно со своите колеги, за одржувањето на традициите, за патриотските пораки  и за разните други активности кои ги иницира и реализира друштвото високо позиционирајќи се во мултикултурната мапа.

ohridsko-socijalno-drustvo-2

Меѓу другото, Ангеловски истакна дека гордоста е голема кога се оддржуваат традициите, обичаите и континуитетот  на вредностите. Кога се афирмира својот народ и вистина. Кога не се забораваат корените и траат спомените.  И, кога се слават патроните, како нашиот Св. Наум Охридски Чудотворец. При тоа,  порачувајќи, дека ни е потребно семакедонско обединување и сплотување, како и битка против негаторите на нашето име, јазик и идентитет. Битка која треба да ја водиме без пардон и без разлика каде сме и од каде сме.

Важно е дека името ни е македонско, дека корените ни се македонски, и дека нас нѐ спојува нашата мајка Македонија, истакна меѓу другото претседателот Васко Ангеловски во своето пригодно обраќање.

ohridsko-socijalno-drustvo-3

За убавото расположение на овој голем славенички собир сторија сѐ естрадните уметници кои гостуваа на покана од Управниот одбор, познатата група „Чардак“ од Охрид и фолк-ѕвездата Анета Наковска. Тие ги кренаа на нозе присутните, и тоа беше незаборавна дружба на охридскиот бал.

Но, многу ефектен прилог, секако дека беа и спотовите и промотивните материјали прикажани за убавините на древниот Охрид од Целе Петрески. И на  покровителите Михајло Филев со познатиот охридски бисер, кој како семејство имаат традиција цели 90 години,  Петар Џепаровски од агенцијата за недвижности „Реј Вајт“, како и ТВ ИН и др.

ohridsko-socijalno-drustvo-4

Инаку, кум за ова година беа фамилијата Стаменкови а  нов кум догодина на одбележувањето на патрониот празник и на духовниот празник Св. Наум Чудотворец, ќе биде Петар Џепаровски.

Сѐ на сѐ, во Мелбурн Охридското социјално друштво навистина организира прекрасна вечер, која долго ќе се памети.

ohridsko-socijalno-drustvo-6

ohridsko-socijalno-drustvo-7

ohridsko-socijalno-drustvo-8

ohridsko-socijalno-drustvo-9

Текст: Лидија Ангеловска

Фото: Стевче Македонче

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.