|
|
Јубилеен десетти Натпревар по рецитирање во НЈВ |
Во организација на Македонскиот Просветно Училишен Одбор на НЈВ, во Сиднеј по десети пат се одржа Натпреварот по рецитирање на македонски јазик за учениците од основните училишта. И оваа година, традиционално, домаќин беше Основното училиште во Карлтон. Голем број ученици од македонско потекло рецитираа на чист македонски јазик. Одлично подготвени учениците се трудеа што поубаво да ја изрецитираат својата стихотворба. Рецитирањето е древна македонска вештина, која се негува во училиштата на македонски јазик во НЈВ. Оваа вештина им овозможува на учениците да ја зголемат својата самодоверба, својата меморија или помнењето, а истовремено и да го надминат стравот од зборување пред други луѓе. Сите ученици заслужуваат пофалба за вложениот труд, честитки и до вредните учители кои ги подготвија учениците, а особена пофалба заслужуваат грижливите родители кои најдоа време и во сабота ги донесоа децата на Натпреварот. Жири комисијата во состав проф. д-р Ирена Чолакова Велјанова, проф. Славица Ристеска и поетот Иван Трпоски, потврдија дека сите деца заслужуваат пофалба за својот труд , но одлучија оваа година наградите да ги добијат: Од забавиште Алексија Нацовска од Carlton PS Stage 1( 6-8 god) 1. Лијана Јовановска од Carlton PS 2. Лора Стојановска од MEU „Filip II“ Peakhurst West 3. Ивана Велевска од MEU „Filip II“ Peakhurst West Stage 2: ( од 8-10год) 1. Ангела Јанкуловска од „Kliment Ohridski” Rockdale 3. Алекса Димовска од Carlton PS Stage 3 (од 11-13 год) 1. Силвија Велјанчевска од Carlton PS 2.Никола Петковски од МЕОU „11-ti Оktomvri” Yagoona 2.Ивана Велјановска од МЕОU „11-ti Оktomvri” Yagoona 3. Давид Димовски од Carlton PS Текст: Жаклина Михајлова -Учителката Слика: Радица Бојковска Димитровска |