Среда, 18 Октомври 2017   
На гости во пријателска Љубљана (5)

ljubljana5-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – СЛОВЕНИЈА

Љубљана е главен град на Словенија сместен на местото каде реката Љубљаница се влева во Сава, во централна Словенија, меѓу Алпите и Средоземното Море. Претставува град со средна големина со околу триста илјади жители и е географски, културен, научен, економски, политички и административен центар на Словенија. Во Љубљана може да се доживеат влијанија на голем број култури. Таа била раскрсница на германската и на романската култура како и на културата на словенските народи, нивниот јазик, манири и навики.

Историчарите не се согласни за потеклото на името на градот. Некои веруваат дека тоа произлегува од древниот словенски град наречен Laburus. Други мислат дека зборот доаѓа од латинскиот Aluviana според поплавите кои настанувале во градот. Тоа би можело да дојде и од зборот Laubach („мочуриште“). Некои сметаат дека името на градот потекнува од словенскиот збор Luba („љубена“). Старото германско име на градот е Лајбах и тоа било во службена употреба сѐ до 1918.

Според една легенда, митскиот херој Јасон и неговите aргонаути по наоѓањетo на Златното руно, не се вратиле назад кон Егејското Море, туку тргнале на север и пловеле по реката Дунав. Одејќи нагоре, продолжиле по Сава, а потоа и кон изворот на реката Љубљаница. Потоа го напуштиле бродот и продолжиле кон Јадранското Море и за да се вратат дома. Помеѓу денешна градови Врхника и Љубљана, Аргонаутите откриле големо езеро. Легендата вели дека таму Јасон сретнал чудовиште. Ова чудовиште е змејот кој е присутен и денес на грбот и на знамето на градот. Денес неколку крилести змејови го красат Змејски мост во Љубљана.

Љубљана е во центар на словенечката патна мрежа, која го поврзува градот до сите делови на земјата. Градот, во централниот дел наСловенија, е поврзана на југозапад преку автопат со италијанските градови Трст и Венеција и со хрватското пристаниште Риека. На север, со автопат поврзан е со Марибор, Грац и Виена. На исток, со автопат поврзан е со Загреб, од каде што може да се продолжи кон останатите градови од поранешна Југославија. На северозапад, со автопат поврзан е со Клагенфурт (односно Целовец) и Салцбург. Сево ова ја прави Љубљана важна крстосница на Западна и Централна Европа со Балканскиот Полуостров.

ljubljana5-2
Аеродромот во Љубљана

Сообраќајните врски, сконцентрираната индустрија, научноистражувачките институции и индустриската традиција се фактори кои придонесуваат за нејзината водечка економска позиција во регионот. Љубљана е седиште на централната власт во Словенија, на јавната администрација и сите владини министерства. Градот, исто така, претставува седиште на законодавната власт на Словенија. Во Љубљана се наоѓа и резиденцијата на претседателот на Словенија.

Античкото име на Љубљана е Емона, со кое секој граѓанин на овој град со околу триста илјади жители се гордее. Тоа го почувствувавме при нашата посета на стариот град, кој како сокол се вишнее во небото и од каде може да се види најголемиот дел од градот и околните места со природни убавини. Тука бевме информирани за историскиот развој на Љубљана, во кој се сконцентрирани најголемиот број институции, меѓу кои: Нуклеарниот институт, Институтот за електроника и автоматика, потоа бројни институции од културата, библиотеки, музеи, галерии на слики, Музичката академија, Универзитетот, паркот „Тиволи“, како и голем број постари и понови цркви и други споменици од историјата, културата и духовното живеење  на Словенија.

За време на Римјаните на местотот на денешна Љубљана се наоѓал римскиот град Емона, првобитна илирска населба, којашто била уништена во V век. Името Љубљана се споменува од 1144 година. Подоцна градот станал важна раскрсница на бројни патишта на тој дел на Европа. Љубљана доживува голем развој со исушувањето на Љубљанското Блато (бара) во должина од триесетина километри, врз кое е подигнат овој град. Денес Љубљана е современ центар и еден од многу важните и интересни раскрсници во Европа.

Уште со доаѓањето во Љубљана, бевме сместени во реномираниот хотел „Лав“ во центарот на градот. По краток одмор, беше приреден прием во просториите на Македонската амбасада. Да се биде во првата амбасада на Република Македонија во друга држава претставуваше вистинско задоволство. Независно од далечината од Македонија, бевме особено радосни и среќни што се најдовме на македонска територија во Словенија. Топло и срдечно бевме пречекани и со љубов примени од амабасадорот и неговите соработници со кои се задржавме во повеќечасовен пријателски разговор.

ljubljana5-3
Љубљана, плоштадот „Прешерн“

Престојот во Република Словенија го искористивме да се запознаеме со некои споменици на културата на Љубљана, град кој постои уште од дамнина и кој претставува значаен политички, трговски, економски, универзитетски и индустриски центар. Во него живеат неколку илјади Македонци, од вкупно пет-шест илјади колку што денес ги има во Република Словенија и тоа, главно, во Љубљана, Крањ, Јесенице, Копар, Марибор и во други места.

Значајно е да се спомене дека во Словенија нема невработени Македонци. Голем број од нив се со високо образование и меѓу нив повеќе од 50 Македонци се директори на словенечки фирми, лекари, музичари, сликари и професори на Универзитетот. Меѓутоа, на сите заедничка им е љубовта кон Македонија со која имаат трајни врски.

Судбината на Македонците во Словенија е слична, ако не и идентична со онаа на Македонците во Хрватска. Словенија е втората поренешна југословенска република во која Македонската православна црква е регистрирана во државниот регистер, како посебна верска заедница. А, Македонците, како што се вели, како духовни роднини на Словенците, се организираат и во културно–уметнички друштва и други асоцијации.

Денес постојат бројни културно–уметнички друштва во Љубљана, Крањ, Марибор и Копар, со тенденција тој број да се зголемува. Меѓутоа, Македонците во Словенија се особено организирани на духовно-национално поле преку македонските православни црковни општини.

Своето културно богатство Македонците во Словенија го негуваат во повеќе македонски друштва и други асоцијации, а најактивно и најмасовно е Македонското културно друштво „Македонија“. Културните активности во Словенија се најдобриот начин за собирање и меѓусебно комуницирање.

Според Уставот на Република Словенија забранети се партии кои својата основна дејност ја имаат во друга земја, што требаше и ние во Македонија да имаме таков член во Уставот, а го немаме. Секој граѓанин на Словенија, без разлика на својата националност, религија или припадност, може партиски да се организира, да дејствува и да живее само во партиите кои постојат во Словенија. Уставна одредба која строго се контролира и почитува во новите услови на живеење во оваа држава, членка на Европската Унија

Продолжува

slave-katin-svedska
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.