|
|
Успешен и весел крај на учебната 2017 година |
Во Културниот Центар „Илинден“, во Сиднеј, се одржа традиционалниот Годишен концерт за децата кои го изучуваат македонскиот јазик во училиштата во Нов Јужен Велс. Пред околу 500 посетители , учениците пееја, глумеа и рецитираа. Посетителите ги поздрави Мајкл Кристодулу, директор на Федерацијата за јазици на заедниците во НЈВ, како и Претседателката на Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ , Г-ѓа Жаклина Михајлова. Мотивациски говорници беа Емили Гошаревска, која доби 99,7 поени на Матурските испит по македонски јазик минатата година, како и Крстофер Тодоровски, кој ја доби бесплатната Награда за патување во Македонија, што ја доделува Македонскиот просветно училишен одбор, како додатна стимулација за изучување на јазикот. На ученичката Ангела Тумановска од МЕУ„ 11 Октомври“ од Јагуна беше врачена Наградата од Министерот за образование на НЈВ. На Концертот беа врачени и Наградите за рецитирање на најдобрите рецитатори во 2017 година, како и пехарите за најбројните учесници од училиштата во НЈВ. Таму беше и Дедо Мраз , кој им подели на сите деца подароци. Ве очекуваме да ги донесете вашите внуци и деца следната година на настава по македонски јазик. Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ, на сите Македонци им ја Честита Новата 2018 година и Божиќните празници и им посакува многу љубов, радост, здравје и лична среќа за нив и разум на сите во Македонија. Да ни е вечна Македонија и македонскиот јазик! Жаклина Михајлова-Учителката |