|
|
ПРОТЕСТЕН МАРШ ДО КАБИНЕТОТ НА МЕРКЕЛ ВО БЕРЛИН |
ПРОТЕСТЕН МАРШ ДО КАБИНЕТОТ НА МЕРКЕЛ! Македонците во Германија, на 27 јануари 2018 година (сабота) сорганизираат протест ЗА МАКЕДОНИЈА! Протестниот марш е во 13.00 часот пред Бранденбуршката порта (Brandenburger Tor - Pariser Platz, 10117 Berlin), од каде што присутните ќе се упатат до кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел. Од протестниот марш ќе се упати декларација до претседателот на Републиката, претседателот на Парламентот и претседателот на Владата на СР Германија. Македонците во Европа и во целиот свет го отфрлаат Договорот со Бугарија и Законот за употреба на јазиците. Македонците не прифаќаат промена на името на државата Македонија! Ние сме Македонци, нашата татковина се вика Македонија, нашиот јазик е Македонски! Така било, така е, така мора да остане! АМИН! |