Сабота, 27 Јануари 2018   
СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ ВО ШВАЈЦАРИЈА, ГЕРМАНИЈА, ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ ВО ШВАЈЦАРИЈА, ГЕРМАНИЈА, ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

27 јануари 2018 година, Берлин, Германија

- Македонските заедници во Швајцарија, Германија, Франција, Италија и Велика Британија денес одржуваат протести за заедничка и унитарна Македонија.

Македонската заедница во Швајцарија протестот го започнува со собир во 12.00 часот на Quai Wilson 47 - 1201 Geneve - Palais Wilson. Собирот ќе продолжи со марш долж Avenue de France од 12.00-13.00 часот, до Плоштадот на Обединетите Нации Palais des Nations во 13.30-14.00 часот, каде организаторите ќе имаат поздравни говори.

Македонската заедница во Германија протестот го започнува со собир во 13.00 часот пред Бранденбуршката Порта во Берлин, каде организаторите ќе имаат поздравни говори. Собирот ќе продолжи со марш кон Германскиот Парламент и Владата каде што и ќе заврши.

Македонската заедница во Франција протестот го одржува во 14.00 часот на Place Joffre-Mur de la Paix (Champ de Mars) Paris каде што организаторите ќе имаат поздравни говори.

Македонската заедница во Италија протестот го одржува во 15.30 часот на Плоштадот Алфиери во градот Асти каде што организаторите ќе имаат поздравни говори.

Македонската заедница во Велика Британија протестот ќе го одржи од 14.00-16.00 часот пред зградата на Европската Унија во Лондон - European Commission Building, 32, Smith Square, Westminster, London SW1P 3 EU, каде што организаторите ќе имаат поздравни говори.

Македонците во Европа се обединети: (1) против промена на името на државата и идентитетот на нацијата, со барање за крај на разговорите со Грција и продолжување на членството во Обединетите Нации и сите меѓународни организации под државното име Македонија; (2) против донесување на Законот за употреба на јазиците со цел двојазичност на територијата на Македонија и во нејзините меѓународни односи и редефинирање на унитарноста и државноста на Македонија; (3) против ратификација на Договорот со Буагрија, којашто не ги признава Македонците и уредува формирање на меѓудржавна комисија за ревизија на македонската историја; и (4) за безусловно ослободување и помилување на сите притворени и осудени за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Македонија и на Едмонд Темелко.

Доколку Владата не ги прифати овие барања, Македонците бараат распуштање на Собранието и организација на вонредни парламентарни избори во Македонија!

Македонските заедници во Европа овие барања ќе ги достават до Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија преку македонските амбасади и конзулати и до претседателите, парламентите и владите на државите каде што престојуваат, а сите заедно и до Европската Унија, ОБСЕ, Советот на Европа и НАТО Алијансата!

Семакедонски протести наскоро се најавени и во Канада, Австралија и Холандија.

Организаторите апелираат на масовно присуство на Македонците на протестите во овие држави.

Организаторите повикуваат на семакедонско помирување и обединување, затоа што силата е во единството, а со сите разлики меѓу нас Македонците, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател!

Заедно во одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.