Среда, 25 Април 2018   
Прослави на Илинден во Крушево и во манастирот „Св. Прохор Пчински“ (32)

ilinden32-1

ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Прославите на Илиндено во Република Македонија се масовно посетени од илјадници Македонци и други националности, пријатели, гости и голем број македонски иселеници од Австралија, Канада, Соединетите Американски Држави, Европската Унија и од други земји по светот.

За одбележување е 1975 година, кога двата Илиндена беа прославени со голем народен собир. На собирот присуствувале десетина илјади работни луѓе и граѓани, бригадири и припадници на територијалната одбрана и цивилната заштита на СР Македонија и СР Србија, како и голем број иселеници од прекуокеанските и европските земји.

Така, во манастирот „Св.Прохор Пчински", во рамките на сенародната прослава на 40-годишнината од Социјалистичката револуција на народите и народностите на Југославија, македонскиот народ и народностите свечено ја одбележале 37-годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ и 78-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република.

Собирот на кој присуствува и голем број истакнати општествено - политички и културни работници, го отвори тогашниот претседател на Собранието на општината Куманово, Методија Петровски. Тој беше бурно поздравен од многу илјадното население на Куманово и соседните олштини кои на собирот дојдоја со многубројни транспаренти. На овој голем собир говореше претседателот на Извршниот совет на Собранието на СРМ Благој Попов.

ilinden32-2
Манастирот „Свети Прохор Пчински“

Меѓу другото, тој рече: „Вториот Илинден е оној светол ден во кој се остварија идеалите на плеадата борци за национална слобода и социјална правдина. Македонскиот народ отсекогаш својата самостојност ја засноваат не само во барањето за признавање на неговата рамноправност во заедницата на светските народи, туку и на својата решеност таа рамноправност да им ја признава и на сите други народи и народности што живеат во неа".

Откако потсети на неговиот историски чин од пред 37 години во манастирот „Св.Прохор Пчински", на кој 122 претставници на Првото легитимно собрание во историјата на македонскиот народ - АСНОМ, го прокламира остварувањето на нацоналната слобода на македонскиот народ во Првата македонска држава, заедно со 78-годишнината од Илинденското востание, Попов истакна:

„Остварувајќи ги идеалите на Илинден 1903 година, Вториот Илинден во 1944 година е денот над деновите на македонскиот народ, за кој своите животи ги жртвуваа илјадници негови синови и ќерки и во Кресненското и Разловечкото востание. Давајќи ги најголемите жртви во Народноослободителната војна и Социјалистичката револуција.

Вториот Илинден, всушност, е оној светол ден во кој се остварија идеалите на плеадата борци за нациоиална слобода и социјална правдина. Македонскиот народ со својот Втор Илииден уставно и политички ја искажа својата неотповиклива решеност, продолжи Попов, да живее во братска федеративна заедница на југословенските народи и народности, засекогаш свесен дека тој, како и сите други народи на Југославија, својата самобитност, својот сестран развиток може да го оствари само во заедницата и државата што нејзините народи ја создадоа со својата слободно изразена волја.

Токму поради тоа, рече Попов, македонскиот народ, како и другите југословенски народи и народности сметаа дека секој национализам е погубен не само за меѓунацинапните односи и интегритетот на државната заедница, туку и за народот и за народностите каде тој се појавува.

ilinden32-3
Македонски народни носии

Така ги оценуваме и појавите на големоалбанскиот национализам и иредентизам, што се манифестираше за време на контраревулуционерната дејност на непријателите на САП Косово. Борејќи се против албанскиот национализам и иредентизам, ние истовремено се бориме против таквите и слични појави и кај другите народи и народности на Југославија. Зацврстувајќи и развивајќи го братството и единството на основите на социјалистичкото самоуправување, истакнал Попов, ние ја браниме нашата сегашнина и го исполнуваме светиот и чесен долг кон идните генерации за да можат да живеат заедно, подобро, побогато и порадосно".

Попов на крајот зборуваше и за постигнатите резултати во минатиот многугодишен слободен развој на СР Македонија. Притоа забележа дека: „Се остварени невидени резултати во изминатиот развој во изградбата на социјалистичкото самоуправно општество и во создавањето на материјални и општествени услови и за побогат и за подобар живот на работниот човек во СР Македонија. Токму затоа, додаде тој, и надминувањето на сегашните стопански тешкотии и остварувањето на политиката на економската стабилизација бараат многу поодговорно и подоследно исполнување на поставените задачи".

Прославувајќи ја 37-годишната на АСНОМ и формирањето на првата слободна македонска држава во рамките на СФРЈ, од таму, од тој историски камен - меѓник им беше порачано на сите дека 37 години сите се радосни што се слободни и дека тоа чувство било присутно кај сите Македонци што живеат на Балканот и на сите континенти во светот. Македонците и народностите во Републиката ја чувствуваат како своја татковина - слободната Социјалистичка Република Македонија.

По повод одбележувањето на 50-годишнината од АСНОМ и 91-годишнината од Илинденското востание, на втори август 1994 година, во Крушево присуствуваа повеќе од 20.000 гости од сите краишта на Македонија и од дијаспората. Тие допатуваа со цел да се поклонат на гробот на претседателот на Крушевската Република и да им оддадат достојна почит на хероите од легендарниот Мечкин Камен.

На Илинден Крушево го посетија и повеќе државни и партиски делегации предводени од премиерот на Владата на Република Македонија, Бранко Црвенковски. Делегациите најнапред го посетија споменикот „Илинден" каде што беа положени букети цвеќе и венци на гробот на Никола Карев и каде што претседателот Црвенковски, со свои впечатоци, се запиша во Книгата на посетителите.

По ова, службената колона се упати кон Мечкин Камен, каде што пикникот веќе беше во полн ек. Впечаток беше дека просторот на Мечкин Камен беше лретесен за да ги прифати сите намерници. На гостите најнапред им се обрати претседателот на Собранието на Крушево м-р Јован Дамчевски, а потоа премиер-от Црвенковски говореше за историскиот аспект на Илинденското востание, на Крушевската Релублика и на нивната неодминлива поврзаност и континуитет со вториот Илинден, АСНОМ 1944 година.

ilinden32-4

Тој, меѓу другото, рече: „Ако Илинден 1903 е нашиот корен, тогаш АСНОМ 1944 е нашиот темеп. – Ако Илинден е нашиот историски мит, АСНОМ е нашата историска победа, вруток, АСНОМ е неговото директно отелотворување. Ниту без Илинден 1903, ниту без АСНОМ 1944 ќе бевме тоа што сме. Секој обид овие два историски столба да се раздвојат, да се спротивставуваат или различно да се вреднуваат е директек удар на македонската самобитност, државност и на нашиот национален идентитет. Секој таков обид однапред е осуден на пораз и претставува историско слепило. За жал и во Македонија и околу неа, историски слепи и историски глуви сеʼ уште има...

Секоја генерација, па и нашата - продолжи премиерот - лостојано си го поставува прашањето: кој е вистинскиот потег, кој е вистинскиот чин што треба да го направиме за, на најдостоен, најсоодветен начин, да ја изразиме својата почит кон ова славно време и неговите протагонисти? Што е тоа што ќе ги успокои нивните души и ќе ги направи горди на нас, барем приближно толку колку што сме ние горди на нив?

Длабоко сум уверен дека со она што успеавме да го реализираме во последниве години, исполнивме барем дел од нашиот долг. Се оствари нивииот идеал и се оплоди во живото тело на Република Македонија, рамноправна членка на меѓународиата заедница, најубавиот, најголемиот монумент што на сите наши предци можевме да го подигнеме...

Денес, и од нас, нашата татковина очекува да го понесеме својот дел од товарот, својот дел од одговорноста, Да го сочуваме и да го доградиме, да го облагородиме она што досега е направено“ меѓу другото, истакна Бранко Црвенковски.

По говорот на Црвенковски, свеченоста продолжи со поетски митинг, на кој учествуваа артисти од Македонскиот народен театар и со настапот на КУД „Нико Пусоски" од Кичево и изведбата „Комитска легенда". Во рамките на свеченостите беше одржан и четвртиот меѓународен турнир во летови со змејови и параглајдери.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.