|
|
Годишно собрание на Канадско-македонското историско друштво од Торонто |
На 22 април 2018 година, Канадско-македонското историско друштво од Торонто одржа Годишно собрание на кое се расправаше за сегашноста и иднината на оваа значајна асоцијаја. Тоа е единствено друштво од таков вид во дијаспората кое игра значајна улога во севкупната научна и културолошка активност на голем број македонски интелектуалции од Канада, а кое е сместено и има своја богата библиотека во зградатана на “Канадско-македонското место“ познато како „Старскиот дом“ во Торонто. Тоа е асоцијација во која членуваат Канаѓани од македонско потекло од сите делови на Македонија кои се занимаваат со македонската историја, култура, јазик, литература и воопшто со македонската вистина во минатото и сегашноста. Друштвото е формирано во 1991 година од група ентузијасти чиј број постојано расте и привлекува други професионалци и ентузијасти да ги негуваат македонските придобивки. „Канадско - македонското историско друштво“.е многу значајна македонска иселеничка организација која има за цел да ја развива свеста и гордоста меѓу членовите и пошироко во канадското општество, со цел тие да дознаат од каде им се корените, какво било нивното минато, сегашност и иднина. Затоа, Друштвото собира и ја регистрира потребната документација и материјали за македонскиот национален идентитет, традициите, културата, религијата, јазикот, обичаите и други области. После Годишното собрание на Друштвото, пред членовите и други присатни гости и вљубеници на пишаниот збор, д-р Кристина Крамер, шеф на Катедрата по македонски јазикна на Универзитетот во Торонто одржа опширно предевања на тема „Скопски разгледници, 1899-2014 година“. Преку одреден број разгледници за Скопје таа се осврна на минатото и сегашноста на главниот град на Република Македонија. Тони Марковски, претседател на Канадско-македонското историско друштво, пак, ја претстави монографијата „Стив Пљакас“, дело кое е на англискки и на македонски јазик издадено во 2018 година и кое го отсликува животот и делото на познатиот канадски бизнисмен од македонско потекло, донаторот Стив Пљакас, чиј автор на монографијата е публицистот Славе Катин, почесен член на Друштвото. Македонска нација |