Среда, 09 Мај 2018   
Илинденски прослави во Сиднеј, Австралија во 1972 година (34)

ilinden34-1

ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Во 1972 година илинденските прослави во иселеништвото минаa во знакот на одбележувањето на 75-годишнината од Илинденското востание и 34-годишнината од Првото заседание на АСНОМ. Македонските иселеници во прекуокеанските земји приредија низа успешни манифестации. Во Торонто, Детроит, Гери, Чикаго, Сиднеј, Мелбурн, Перт, Хамбург и други градови, бeа одржани свечени академии, културмо-уметнички приредби со богати програми.

На нив бeше истакнато значењето на Илинденското востание и неговото место во македонската историја. Исто така, беше зборувано за значењето на АСНОМ и за борбата на македонскиот народ за својата слобода. Во посебни осврти беа истакнати успесите што ги постигнала Ре-публиката во повоениот развој.

Исто така, македонската заедница од Сиднеј организираше неколку свечености со кои беа одбележани двата историски чина: Илинден 1903, а посебно 1944 - АСНОМ, кога на дел од националната територија на Македонија беше остварен вековниот идеал за национална и социјална слобода. Така, на 28 јули 1972 година во организација на македонските црковни општини, друштвата и етничките училишта, беше одржана „Македонска илинденска парада".

Со транспарентите и знамињата, поворката од 2000 лица од Хајд Паркот се упатија кон местото Мартин Плејс каде на споменикот на Незнајниот јунак, тогашниот југословенскиот генерален конзул на Нов Јужен Велс Петар Бошковски и секретарот на црквата. „Св. Петка" од Рогдаел, Кире Циревски, положија свежо цвеќе. Сите присутни, со едноминутно молчење, им оддаја почит на паднатите борци во Илинденското востание и Втората светска војна, кои ги дадоја животите за својата национална и социјална слобода.

ilinden34-2
МПЦ „Света Петка“ во Сиднеј

По извикувањето на познатите пароли за Илинден, АСНОМ и Македонија, започна вториот дел од програмата: КУД „Китка" настапи со „Комитското", а потоа следеше КУД „Илинден" придружено од ВИС „Илинден" кое се претстави со сплет народни ора од вардарскиот, пиринскиот и огејскиот дел на Македонија. По завршувањето на културната програма, следеше заедничко - братско оро на кое сите се фатија: млади и стари, за да ја споделат истата желба и љубов со својата сакана татковина, Македонија, иако далеку од неа.

Истиот ден (28 јули) вечерта, беа организирани шест приредби посветени на илинденските празници. Во организација на црквата „Се. Петка", КУД „Илинден", Просветно-школскиот одбор на Нов Јужен Велс и фудбалскиот клуб „Илинден", се одржа свечена академија во населбата Рогдеил.

Покрај големиот број посетители, на свеченоста присуствува мошне угледни политички и општествени лица, меѓу, кои: југословенскиот генерален конзул Петар Бошковски, државниот министер за младинска грижа Френк Вока, Бил Морисон - претставник на премиерот на Австралија, Боб Хок, директорот на Стопанска банка, Велко Стојчев и многу други видни личности.

ilinden34-3
КУД „Илинден“ од Сиднеј

Опширен реферат за значењето на празниците прочита Кире Циревски. По повод празникот и како благодарност за дадената подршка на македонската заедница им беа доделени благодарници на: Френк Вока, Бил Морисон, Керол Норт, Џени Луман, Петар Хил, Рон Фула, Петар Бошковски, Маријан Алагиќ, Тоде Кабровски, Велко Стојчев, Јован Кокаловски, Љубинка Андоновска, Живко Нешовски, Јоне Белчев, Митре Дупешовски, Кире Циревски, Џим Трајчевски и Владо Темелковски.

Во вториот дел од програмата, со народни ора и песни настапи КУД „Илинден", а со посебен рецитап се претстави ученичката Снежана Наумовска од Кабрамата. Во Јагуна, населба каде што живеат голем број Македонци, во организација на КУД „Македонија", Ф.К. „Македонија" и македонското етничко училиште „11 Октомври", исто така, на свечен начин беа одбележани двата Илиндена.

Во западниот дел на Сиднеј, во населбата Кабрамата каде се градеше новата црква „Св. Никола", во организација на Општинскиот одбор и КУД „Македонка" се одржа свечена приредба. Претседателот на одборот Панде Трајковски ги поздравил присутните, меѓу кои беа присутен и тогашниот југословенскиот конзул Божин Николиќ, а секретарот Блаже Ристевски поднесе реферат за значењето на двата Илиндена. Во културниот дел на програмата, двете фолклорни групи на Друштвото настапија со сплет од македонски народни ора, придружени од ВИС „Кочо Рацин". Армоникашите; Тони Атанасовски, Пеце Ристевски и Ѓорѓи Петревски настапија со своја програма.

ilinden34-4
МПЦ „Св. Кирил и Методиј“ во Сиднеј

Во центрапниот дел на Сиднеј се одржаа три прослави, и тоа во населбите: Њутаун, Темпи и Ботани. Така, во Њутаун, МПЦО. Св. Кирил и Методиј" во организација со КУД „Св. Кирил и Методиј" од Темпи одржа свечена приредба. По читањето на рефератот за значењето на празниците, КУД „Св. Кирил и Методиј" се претстави со богата културна програма.

Во Темпи исто така се одржа свечена вечер, организирана од КУД „Танец" од Хрствил. Реферат поднесе Благој Поповски (претседателот), а подоцна придружени од ВИС „Билјана“ со сплет од македонски народни ора се претставија КУД „Танец" и КУД „Китка".

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.