|
|
Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго – стожер на православието во САД |
Во далечната 1979-та, Македонците од Чикаго решиле да го преземат првиот поголем чекор за остварување на својот сон и купуваат постара Црква во Бервин, Илиноис. Веднаш почнале со преуредување. На едно од црковните собранија донеле одлука оваа Црква да го добие името на Светите просветители и учители, Свети Кирил и Методиј. Објектот е осветен во 1988-ма. И во туѓина, како што вели отец Рубинчо, се чествуваат истите обреди и обичаи од татковината: „Свештениците настојуваат да ги одржат традициите на македонската православна црква. Децата на младите Христијани се крстат во нашата Црква да бидат прифатени во мнозинството Христијани. Православната Црква се збогатува со нови членови со самото крштевање во овој купел.“ Македонските православни цркви во САД се изградени со една цел – да ги продолжат старите традиции на Македонците-иселеници. Секоја недела се одржува литургија, како и за празнични денови. Секоја година, пак, расте бројот на членовите од заедницата: „Ширењето на православната вера е наследно. Ние настојуваме да ја одржиме таа вера кај нашите доселеници и поколенијата кои доаѓаат на овие простори. Настојуваме да градиме љубов спрема својата Црква, како и спрема нашата татковина. Надлежниот архиереј за Северноамериканскиот континент, владиката Методиј два-три пати во годината настојува да ги охрабри да продолжат со мисијата – на секој начин да се сочува македонскиот јазик и православната вера, вели отец Рубинчо. |