Среда, 23 Октомври 2019   
Промоција на „Последниот Македонец“ во Сиднеј

Sidnej1

Минатата сабота, 19 октомври во просториите на Civic Theatre во Хрствил, предградие на Сиднеј, успешно се промовира книгата „Последниот Македонец“ од Душан Ристевски во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ и со финансиска поддршка од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Промоцијата беше како дел од овогодишната програма на Фестивалот за уметност Discovery.

Програмата ја водеше Лара Мабеи од Македонскиот театар која накратко даде слика за работата на двете македонски организации, за авторот Душан Ристевски кој зад себе има издадено повеќе книги поезија и нашишано над 18 драмски дела сите ставени на сцена од АМТС.

Промоцијата ја направи познатиот македонски издавач и уредник Виктор Бивел кој направи содржајна анализа на драмата која го отсликува животот на еден Македонец во овие турболентни денови за Македонија. Осврнувајќи се на историските факти и желбата на соседите да го уништат коренот на Македонецот како и на надворешните сили кои ги интересира профитот, а не националното и културното чувство на луѓето. Прашањето кое остана да лебди над присутните и на кое постојано ние сите треба да размислуваме: дали ние ќе бидеме последни Македонци поради коренот што сегашната предавничка влада ни го сечи? Или пак ќе се свестиме и сé ќе направиме за да опстоиме како нација во овој свет на турболетност каде посилниот го уништува послабиот.

Авторот Ристевски накратко се осврна и им се заблагодари на издавачите, рецензентите и на сите оние кои помогнаа да се издаде ова дело и на самите актери кои успешно ја ставија драмата на сцена минатата година. Се прикажаа и повеќе клипови од драмата која е достапна и на ДВД.

Потоа следеше комичната изведба „Заев пред официјална посета на Австралија“ со актерите Рубин Нешковски и Валентина Апостоловска.

На промоцијата присуствуваше и Гордана Димовска, претседател на Литературното друштво „Кочо Рацин“ од Мелбурн. Гордана на минатогодишниот награден конкурс за Прличева награда доби пет награди, меѓу кои и првата награда за поезија за песната „Земја страдалница“. На Гордана и беа доделени наградите, а таа ја прочита наградената песна и накратко се осврна за важноста на соработка меѓу двете литературни друштва и нагласи дека борбата за Македонија треба да ја продолжеме со перото, негување на македонскиот јазик и издавање на книги.

На крајот следеше промоцијата на проектот, снимање на документарниот филм, „Исус Христос и Македонците“ од Александар Донски. За овој проект се бара донација од македонската заедница, а ќе биде од голема важност за осветлување уделот на Македонците пред и после воскресувањето на нашиот Бог Исус Христот и проширувањето на христијанството во Европа и светот.

На крајот следеше богата македонска закуска и дружење, а и промовирање на најновиот драмски проект на АМТ „Баба бегалка“ што ќе се стави на сцена на 3 ноември во Сиднеј.

Иван Трпоски

Галерија

Sidnej2

 

Sidnej3

Sidnej4

Sidnej5

Sidnej6

 

На прво место

News image

Никола Груевски: Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за сериозен

Никола Груевски: Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за с...

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.