Среда, 22 Ноември 2023   
Во Сиднеј:ПОЕТСКИ ОПУС И ПРОМОЦИЈА НА КНИГИ ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

12901

На 10-ти ноември во Македонската библиотека на Литературното друштво „Григор Прличев“ се одржа поетски опус и промоција на книги од поетесата и писателка Оливера Јовановска од Мелбурн.

Промоцијата на книгите ги направи поетот и писател Иван Трпоски, а бројни стихови од книгите читаше покрај авторката Оливера така и поетесата Марија Александрова. Промоторот Трпоски го опиша богатиот поетски опус на Оливера која за само неколку години пред јавноста се појави со пет збирки поезија и еден роман преведен на три јазици, а исто со поезија и раскази е застапена во неколку антологии и зборници во Македонија. Нејзина поезија и проза е наградувана на повеќе конкурси во Австралија и Македонија, меѓу кои и први награди за поезија на конкурсите „Мајка Тереза“ и „Сплоти се Македонијо“. Оваа година е прогласена за Поет на годината од Фондацијата Такец од Битола. Доделена и е Цветинова награда за мир и прогласена за Амбасадор на мирот.  Важно е да се забележи дека некои од нејзините песни се изведувани од познати македонски интерпретатори.

Инаку Оливера Јовановска е родена во 1970 година во Битола. Од 1986 година живее и работи во Мелбурн, каде се здобива со диплома за администрација и бизнис менаџмент, кој се главен фактор за нејзино успешно менаџирање бизнис за здрава храна. Оливера пројавува љубов кон пишаниот збор уште од најмлади години. Автор е на збирките поезија „Неостварена љубов” (2020), „Магични љубовни зборови” (2021), „Одмрзнати чувства” (2022), „Слушни го срцето” и „Време безвремено” (2023), како и збирката раскази „Талкање низ соништата” (2023). Автор е на романот „Лавиринт на Вистината” (2021) кој е преведен на англиски и албански јазик (2022), како и на руски јазик (2023). За овој творечки опус, Литературното друштво „Григор Прличев“ како издавач на нејзините книги и додели на Оливера диплома за нај издавен автор на Друштвото за последните три години.

1r01.png

 

Оливера член во МЛД „Григор Прличев” од Сиднеј и на МЛД „Кочо Рацин“ од Мелбурн, како и на Фондацијата Такец од Битола.

1Dusan.jpg

Душан Ристевски-Македон

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.