Среда, 06 Декември 2023   
Вистината за ФОЛКРОРИСТОТ Георги (ЏОРЏ) Томов? (3)

1pot2

Дел од МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Уметничкиот директор и кореограф на ансамблот “Томов” - Георги (Џорџ) Томов е роден во Струмица на 18 март 1933 година, а почина на 5 август 2008 година. Во Скопје завршил средно техничко училиште – шумарски смер. Во 1955 година станува член на Државниот ансамбл за народни песни и игри “Танец” од Скопје, како играч и пејач и активен бил до 1962 година. Во тој период “Танец” добива Златна плакета во Ланголен и важи за еден од најдобрите ансамбли, така што Томов ја користи можноста да оди на многу гостувања

Во 1960 година Георги Томов се запишува на Вишата педагошка академија во Скопје – Отсек вајарство, поради изразената дарба за ликовни уметности, и успешно ги поминува студиите. Во март 1963 година оди во Париз и работи и студира вајарство кај познатиот професор Родригез. Но, земјотресот во Скопје во јули 1963 година  му го прекинува престојот таму поради потребата од помош и сместување на семејството во Скопје.

Од септември 1963 година продолжува да работи во Белград, во Управата за градско зеленило, а од мај 1964 година одлужува да ја прифати понудата на Хрватскиот ансамбл за народни песни и игри “Ладо” и остварува многу гостувања низ сите европски земји и во САД и Канада.

Во периодот на членувањето во “Танец” и “Ладо” имал убави можности да запознае многу лижности од највисоките државни, културни и уметнички кругови и остварува многу трајни пријателства и соработки поради неговите лични – карактерни и професионални квалитети.

Во 1967, за време на гостувањето на “Ладо” во САД, Георги Томов одлучува да остане во Њујорк поради познанството и професионалните контакти со еден од најдобрите њујоршки менаџери за класична музика Алберт Кеј и финансиската помош која му ја понудува неговиот стар пријател Луис Симончич.

Се вработува кај Алберт Кеј како негов секретар, а потоа и соработник. Тој му помага да направи кариера во областа на фолклорот на американско тло, уште повеќе што ја запознава Македонија преку се’ она што му претставува за неа младиот Македонец.

Во исто време работи и кај еден познат вајар и од тогаш почнува неговата богата фолклорна, вајарска и општествена дејност за запознавање на американската јавност со македонската култура и фолклор и пошироко југословенскиот и балканскиот фолклор.

Уште во 1968 година соработувал и со Фолклорниот институт во Скопје и стручно се подготвувал да оформи свој ансамбл за народни песни и игри како единствена група за балкански фолклор во Њујорк и цела Источна Америка. Званично во 1974 година под името “Томов”, започнал со комплетна негова кореографија и оригинални народни носии.

Георги Томов, кого во САД го викаа Џорџ Томов беше уметнички директор, кореограф и главен инструктор на ансамблот кој беше специфичен и единствен како негова идеја:  националниот состав беше од чисти (родени) Американци кои никогаш пред тоа немале допирни точки со Македонија, а освен тоа сите биле интелектуалци (многу од нив и со професорски и докторски титули) и студенти кои полека, но сигурно се вљубуваат во Македонија и Балканот.

Веднаш потоа во 1975 година под покровителство на Ал Кеј Асоцијацијата ја основал Здружената фолклорна фондација и беше нејзин претседател. Во неа ги вклучувал сите фолклорни друштва од словенските етнички групи и оваа културна институција влегува во склопот на “Културните активности на САД”. Таа била беспрофитна и буџетирана од државата.

Во исто време Георги (Џорџ) Томов станува коорганизатор и активен уметнички раководител на ансамблот “Гоце Делчев” при Македонската православна црква “Св. Кирил и Методиј” од Пасаик – Њу Џерси. Исто така, станува коорганизатор на “Советот на словенското културно наследство во Америка”, Здружение каде бил претставник на Македонците и постојан член на Управниот одбор на уметничките директори.

Од 1969 година предавал македонски и општојугословенски фолклор во поголем број универзитети и колеџи во САД и Канада (повеќе од 80). А од 1975 до 1982 година отвора и води меѓународна школа за фолклор. Од 1984 година бил  постојан предавач на македонски фолклор во Експерименталната програма на школскиот систем во државата Њујорк каде биле вклучени деца од прво до осмо одделение. Во 1975 година го отворил своето Фолклорно студио на Петтата авенија во Њујорк, за уште поголемо популаризирање на македонскиот фолклор.

1pot22

Томов со играорците на „Гоце Делчев“ од Њу Џерси

Ансамблот “Томов” во своето 25-годишно постоење имаше постигнато огромни резултати околу ширењето на македонската култура. Секоја година имаше одржувано од 6 до 14 концерти во најпознатите светски Сали: Карнеги хол и Линколн центарот во Њујорк, во Бостон, Вашингтон, Чикаго и многу други поголеми и помали градови во САД и Канада; настапувал на повеќе телевизиски станици во САД; учествувал на свеченото отворање и затворање на Зимските олимписки игри во Лејк Плесид 1984 и на специјалистичкиот концерт за свечено отворање на Елис Исланд 1990; има учествувано на многу фолкфестивали во Америка.

Најпознатите весници: “Њујорк тајмс”, “Денс магазин”, “Дејли њуз”,  “Ривердејл прес”, “Денс ривју”, “Балерт њуз”, “Д’тајмс хералд”, “Артс” и други без исклучок уште од 1974 година давале највисоки оценки за кореографијата, беспрекорната техника на изведување и одушевувањето кое го предизвикувал ансамблот со сите изворни ора и песни од Македонија, а посебно со “Невестинското”, “Калајџиското” и др.

Во Македонија ансамблот гостувал на сите фолклорни фестивали и пошироко на бившите југословенски простори и тоа: 1974, 1975 и 1983 на Балканскиот фестивал во Охрид; 1976, 1977 и 1979 на Илинденските денови во Битола;1975 и 1976 на Смотра фолколора во Загреб: 1975 на дубровничките летини игри; 1981 и 1989 на Скопското лето во Скопје и 1991 на семинарот за фолклор во Струга.

Неговата активност била проследена и во македонските јавни медиуми: “Нова Македонија”; “Вечер” и “Македонија” (за иселениците); и повеќе интервјуа на Георги Томов на македонското радио.

Георги (Џорџ) Томов работел на кореографија и за други ансамбли и театарски претстави: За ансамблот “Живели” од Колумбос, Охајо; за ансамблот “Свадба” од Питсбург:  Негова е кореографијата на балетот за оперетата “Царојевичи” од Франц Лехар во Линколн центарот во Њујорк за “Виенската оперетска компанија од Америка”. Учестувал во кореографијата за завршните свечености за прославата на стогодишнината на Америка. Во 1995, во Австралија дава стручна помош на иселеничките фолклорни друштва во Сиднеј, Мелбурн, Перт ...

Продолжува

1slavek4 Пишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.