Среда, 13 Декември 2023   
Георги (ЏОРЏ) Томов – вљубеник во древната култура на македонија (4)

1ata2

Дел од МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Исто така, иселеникот Георги (Џорџ) Томов уште во 1968, 1969 и 1970 година изработувал скулптури во Њујорк – портрети и фолклорни мотиви, лиени во бронза, од кои една му била искористена како заштитен знак и имал свои дела кај многу колекционери во САД; имал два коња поставени пред Зоолошката градина во Њујорк; просветители пред македонски цркви и др.

За одржување и истакнување на македонскиот национален дух во иселеништвото Георги Томов се зафаќа со основање на повеќе друштва: во 1968 – 1969 во Њујорк беше еден од организаторите на “Македонското друштво”; коорганизатор и прв претседател беше на “Движењето за македонски човечки права” од 1987 до 1994 година за државите Њујорк и Њу Џерси и цела Североисточна Америка.

Активно учествувал во сите доброволни акции за национално потврдување и признавање организирани во црковните општини во Пасаик, Њу Џерси и Њујорк, учествувал на протестни митинзи, а испратил бројни телеграми за признавање на независна Македонија до претседателот Буш и Џејмс Бејкер, а беше и делегат на Првиот светски македонски конгрес што се одржа во Скопје во 1992 година.

Како член на “Емигрантската културна организација на Обединетите нации” во Њујорк уште од 1985 година, прави стална поставка на “Македонска соба” во Музејот на Обединетите нации со свои оригинални македонски носии, накит и предмети за домаќинството, а во 1991 година го вклучува ансамблот “Гоце Делчев” од Њу Џерси за прв пат како претставник на Македонија како осебна нација на Етничката парада која традиционално се одржува на Шестата авенија во Њујорк.

Георги Томов со години објавувал повеќе описи на македонски народни ора во фолклорните списанија во САД. Така, во 1973 година во списанието “Вилтис” (надеж) објавува опширна репортажа за Македонија за културното наследство, природните убавини и фолклорот, на 25 страници, што предизвикал голем интерес кај читателите.

Во текот на неговата долга општествена дејност, Томов бил добитник на бројни признанија и награди. Во Второто издание на Маркисовиот “Кој е Кој во Америка” во делот Кој е кој во изведувачката дејност е вклучено и името на Георги Томов – (Џорџ Томов) како личност од посебно значење за развојот на современиот фолклорен растеж.

Георги (Џорџ) Томов беше личност која што беше од голема важност во македонската заедница во САД. Исто така, тој беше од голема важност на црковниот, националниот, фолклорниот македонски бит, бидејќи преку песната, преку орото, преку носијата тој го репрезентираше постоењето на Македонците на американскиот континент.

Меѓу големиот број настапи на ансаблот „Томов“, за одбележување е тоа што тој еколку пати, имал настапено во ОН, при светските здруженија и меѓу другото, пред претставници на сите нации. Одликуван е од ОН како човек кој што давал се’ во своите граници на можности да ја презентира македонска нација.

Исто така, Георги (Џорџ)Томов беше вљубеник во древната култура и беше инспириран од фолклорот на античка Македонија. Затоа, тој го напишал текстот за милениумскиот ораториум “Ние сме Македонија”, кој беше претставен на пригоден начин на 26-от Црковно-народен собир  на Американско-канадската-македонска епархија на МПЦ, што се одржа во Хамилтон, Канада, во септември 2000 година, на кој, присуствуваше и авторот на овие редови Славе Катин во својство на потпретседател на Комисија за односи со верските заедници во Република Македонија.  Во овој милениумски ораториум, меѓу другото, беше нагласено следното:

Во богатата историја на Европа тешко е да се најде народ каков што е македонскиот, кој имал толку многу превирања со своето национално конституирање. Тешко е во светот да се најде друг народ кој имал и толку бурна историја. Секоја бура него го погодила. Не минала војна која не го одминала. Секоја несреќа што  се случила на тие простори Македонија ја ставала во центарот, а Македонецот ги добивал првите удари“.

Потоа, Георги (Џорџ)Томов рече дека на многу народи судбината им била историјата, а на Македонецот историјата му била судбина, следејќи ја судбината во тринаесетите последни векови, цели девет века поминал под разни ропства и тоа: 517 години под турско, 225 години под византиско, 76 години под бугарско, 83 години под српско и само 409 години полуслободни  и слободни.

Народ на кој најубавата песна и најдоброто оро му се викаат “Тешкото”, објективно и не можел да има поинаква судбина и минато. Македонија не само што отсекогаш била на сечилото на многуте мечеви и јатагани, сабји и ками, туку во неа се судрувале и прекрстувале многу различни култури. И ако токму таа Македонија, всушност била и е лулка на цивилизациските средишта како една не само од најстарите, туку точно и најстара цивилизација.

1ata232

 

Филип Македонски

 1ata2232

Александар Македонски

Исто така тој рече: „Целата античка митологија почнувајќи од Уран и Геја па преку Зевс и сите други, всушност е македонска митологија. Сето тоа е дел од историјата и судбината на македонскиот народ. Низ сето тоа тој морал да помине да одолее на се’ што му е одземено и нанесено. Најпосле, до овие денешни денови да остане сочуван и непоматен, нескршлив и кристално рафиниран дух и талент, со неповторлив фолклор и бит и со ретки традиции и најстари писма и писменост.

Опстојувал со постојани буни и востанија, борби и пеколни искушенија.  Македонија на светот и ја даде цивилизацијата постара од 10.000 години, писменоста и писмото се стари 9.000 години, а Палеолошката карта стара  50.000 години и дека Ѕвездената карта е постара од 13.000 години“. 

Потоа Георги (Џорџ)Томов зборуваше за Македонија и рече дека таа-Македонија го даде неповторливиот Александар Македонски. Македонија е единствената земја во Европа која христијанството го примила директно од Христовиот апостол - Павле. Македонија е најверојатно единствената земја во светот која, воопшто не го менувала своето име. Како што се смета, името го добила според Богот Македон, Бог на светлината и син на Зевс.

Познатите истражувачи на митологијата се на мислење дека зборот Зевс доаѓа од македонскоот збор - ѕвезда, па така симболот на Македонија била ѕвездата со шеснаесет краци, односно сонцето со шеснаесет зраци.

Постојаните борби и делби го менувале и составот на населението. По походот на Александар Македонски се намалил бројот на старомакедонското население. А за времето на Антигонидите почнала масовна миграција на Елините кон Македонија. И најпосле по наездата на варварските племиња, доаѓаат Словените.

Исто така тој рече: „Македонците, пак, формирале голема и силна држава на чело со Самуил која се протегала од Лариса до Дунав и од Варна и Констанца до Сараево и Котор.

Продолжува

1slavek4 Пишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.