|
|
Струмица е родниот град, а СКОПЈЕ ГРАДОТ НА МЛАДОСТА НА Георги (ЏОРЏ) Томов (8) |
Дел од МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ НА СЛАВЕ КАТИН Она што посебно ја одликува Струмица од останатите градови е познатиот Струмички карневал, за кој се зборува уште во патеписите на познатиот патеписец Евлија Челебија кој во 1671 година ја посетил Струмица во време на карневалот. Како карневалски град Струмица е членка на Интернационалното здружение на карневалските градови ФЕЦЦ. Поволната клима и плодната почва во струмичкиот регион претставуваат најголем стопански потенцијал, како еден од најактивните земјоделски региони на Балканот кој посебно се одликува со производството на раноградинарски култури. Посебно место во стопанисувањето на оваа општина зазема и текстилната и дрвната индустрија, експлоатацијата на неметална руда, како и трговијата. Со појавувањето на приватната иницијатива, секојдневно никнуваат разни погони од прехранбената, хемиската, металопреработувачката и од другите индустрии. Денешна Струмица е современ град со изградена инфраструктура во сите сегменти на современото живеење. Инаку, Струмичката Котлина е сместена на крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Бугарија и Грција, а во нејзиниот западен дел и истоимената општина Струмица. Во оваа општина живеат 45.558 жители населени во градот Струмица, седиштето на општината, и останатите населени места Водоча, Велјуса, Рич, Баница, Попчево, Просениково, Белотино, Добрејци, Градско, Балдовци и Дабиле. Струмичкиот крај со својата поволна клима и богата почва, одсекогаш бил погоден за живеење за што сведочат и остатоците од неолитска населба (3000-5000 г.п.н.е.). Во почетокот на петтиот век пред нашата ера бил густо населен со тракиски (пеонски) племиња. Скопје, главниот град на Република Македонија беше градот на младоста на Георги (Џорџ) Томов. Во тие повоени тешки денови семејството Томов се доселило од Струмица во Скопје. Тој учел во средно-техничкото училиште, смер архитектура, во Скопје, кое имало многу напорна наставна програма. Тогаш станал член на “ТАНЕЦ”, на најзначајниот македонски народен фолклорен ансамбл. Додека Георги (Џорџ)Томов сеуште бил мал, фамилијата Томови се преселила во Скопје (1944), во најголемиот град во Македонија. Таму се стекнал со основното образование и таму останал за време на II Светска војна. Како дете, Ѓеорѓи обично играл на улица заедно со другите момчиња од маалото. Освен народни игри, тој ги сакал и фудбалот од спортот. Во раните тинејџерски години бил многу талентиран и вешт за класична гимнастика. Во слободно време, вежбал гимнастика и пеел колоратурен тенор во хор. Георги учел во средно-техничкото училиште, смер архитектура, во Скопје, кое имало многу напорна наставна програма. Најголемиот дел од учениците во техничкото училиште биле од семејства од помалите градови и села во Македонија. Тогаш, Георги, како градско момче, ги споделувал заедничките врски со сите негови соученици. Сите сакале да пејат и да танцуваат. Тој се чувствувал како дел од нив. Освен што бил добар танчар и пејач, тој бил и експерт за фудбал. Бил член на Фудбалскиот клуб “Вардар” од Скопје и играч на вториот тим. Сепак, во 1950 година, морал да се откаже од фудбалот поради повреда на ногата. Наскоро, пројавил интерес за Културно-уметничкото друштво “Кочо Рацин”, македонска група за народни игри и ора. Сакал да ги гледа пробите и почувствувал силен поттик да стане дел од групата за орото “Шесторка”. Се осмелувал да каже дека би можел да танцува подобро од некои во групата и бил уверен дека може побрзо да учи. Отишол дури дотаму што се фалел дека може да го стори тоа. Ама и им го покажал тоа и, оттогаш, народните игри и песни го преземаат приматот. Тие него за секогаш го освоиле Георги ги сакал пробите. Настапувал со КУД “Кочо Рацин” три години. Патувал низ целата Република и во другите Републики на Југославија се’ додека не дошло време да го служи воениот рок во Военото училиште за резервни офицери во Задар (Хрватска), каде матурирал во 1954 година. По воениот рок, во 1954 година Томов ја започнал својата кариера во народните игри.
Споменикот на Александар во Скопје Станал член на “ТАНЕЦ”, македонски народен фолклорен ансамбл. Сите членови во “ТАНЕЦ” играле и пееле, но најповеќе македонски. Распоредот за вежбање бил исцрпувачки - четири или пет часа проба секој ден, шест дена во неделата. Георги Томов одел на турнеи во странство, речиси во секоја држава во Европа, а во “ТАНЕЦ” останал се’ до 1963 година. Георги (Џорџ)Томов земал кратко отсуство за да студира и да го усоврши својот талент за вајарство. Овој интерес за уметноста го одвел во Педагошката академија во Скопје, отсек вајарство, каде студирал две години, од 1961 до 1962 година. Тој ги продолжува своите студии по вајарство во Париз, под раководство на реномираниот професор Родригез. Престојувал кај фамилијата на професор Минко, а потоа, кога се случил катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963, се вратил во својот роден град за да ги види најблиските, роднините, пријателите. Пред тој катастрофален земјотрес во 1963 година, Скопје бил град на убавината, љубовта и среќен живот. Според пишаните документи Скопје е древен град македонски. Низ него се вкрстувале цивилизации, култури, патишта, карвани, војски и интереси. Тој опстоил на сите ветрометини и денес ширно ем гордо е распослан крај реката Вардар и ја нуди на светот и на посетителот својата долга, бурна, интересна и богата приказна. Продолжува Пишува СЛАВЕ КАТИН |