|
|
Во Сиднеј по повод наградниот конкурс за Прличева награда за 2023 година |
ОБЈАВЕНА ОДЛУКАТА НА ЖИРИ КОМИСИЈАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПРЛИЧЕВА НАГРАДА За минатогодишниот награден конкурс за Прличева награда што Литературното друштво „Григор Прличев“ традиционално го организира за последните 46 години, пристигнаа 39 дела. Жири комисијата составена од Мери Петковска (претседател), Славица Ристеска и Дијана Јовчевска, одлучија да им доделат награди на следните творби: Поезија за возрасни 1-ва награда: Песна за Битола - Шифра: нема (Ристо Галевски од Сиднеј) 2-ра награда: Споменик на љубовта - Шифра:нема (Наум Трајчески од Квинбијан) 3-та награда: Туѓина ќе одам - Шифра:Мајкаша (Наум Трајчески од Квинбијан) Поезија за деца 1-ва награда: Лакомост - Шифра:Радосно внуче (Гроздан Јовановски од Љукастел) 2-ра награда: Желба - Шифра: Сон (Гордана Димовска од Мелбурн) 3-та награда: Пресликување на годините – Шифра: Зима (Оливера Јовановска од Мелбурн) Раскази за возрасни 1-ва награда: Баба Илина - Шифра:Декември (Гордана Димовска од Мелбурн) 2-ра награда: Мајка - Шифра:МЕНДУС-34 (Џорџ Гроздановски од Сиднеј) 3-та награда: Ноќва мислам на него - Шифра:Кралица без кралство (Оливера Јовановска од Мелбурн) Раскази за деца 1-ва награда: Грижа - Шифра:Радост (Гордана Димовска од Мелбурн) 2-ра награда: Мразулци на балконите - Шифра: Душата не старее (Оливера Јовановска од Мелбурн) 3-та награда: Уплав - Шифра:уплав (Љубица Поповска од Мелбурн) Прво наградена песна за возрасни:
ПЕСНА ЗА БИТОЛА Битола изградена на Пелистерска падина, по Драгорска речна долина, покрај вишна Баба Планина и на Пелагониска широка рамнина. Битола потомка на Хераклеја, на градот на Царевите и војските на фалангите што ги чуваа границите на државата на Македонците. Битола град на конзулите, на дамите и дипломатите кои се возат по калдрмите, со коњи во пајтоните право кон кафеаните. Битола, град на цркви и верници, на војводи, комити и партизани, кои што храбро се бореле - но на слободата не ѝ се израдувале. Битола град на уметници, на артисти, фотографи и пејачи, на вода фолклор и ладовина, на младост љубов и убавина. Битола, град кој лаже и повикува на Широк Сокак за да се видиме, топли бакнежи да размениме и во прегратки вечно да останеме. Ристо Галевски Прво наградена песна за деца:
ЛАКОМОСТ Ти дедо и моја дедовина Тага моја како планина Дали треба да заминам Во далечна туѓина. Те гледам грутко и чезнам А во душа тага сеам Јас не сакам во туѓина Таму испустен да живеам. Овде сакам како славеј Во гора да пеам Јас не сакам во туѓина Таму осамен да живеам. Овде ми е најубаво Срце мое весело и смело Овде ми е мило се Сакам да живеам на село. Не лакомам дедо мој За големи пари Мојот млад живот За родната грутка жали. Дали ти ме разбра дедо Дали грешам или е така Внимателно ме ислуша дедо Сведна глава и се расплака. Гроздан Јовановски |