Среда, 24 Април 2024   
ОМД отвара нов огранок во Шведска
 
Со огромна чест и задоволство ве известуваме дека на 19.04.2024 год. Ја формиравме првата организација на ОМД во Шведска и во Европската Унија.
 
Овој огранок со седиште во Малмо, ќе има за цел да ги претставува правата на Македонците во Шведска и Скандинавија, како и ги канализира и ги поддржува проектите на македонските веќе постоечки организации во Шведска и истите ги спојува со матичната држава Македонија.
 
Основачкиот одбор на оваа организација се состои од 6 члена на чело со:
 
Мирјана Наумоска
Антонијо Трпевски
Габриела Јакимова
Трајче Цветановски
Александра Гарбеска
Пеце Релушковски
 
“Ми претставува огромна среќа и задоволство што за неполна една година успеавме да ги пронајдеме и се споиме со луѓе кои ја препознаа визијата и мисијата на ОМД и креиравме организација во која сите луѓе ќе имаат можност да придонесат за својата татковина Македонија. Ова е еден од најпрофесионалните тимови кои ќе им подаде рака на сите македонци и македонски организации во Шведска со цел гласот на многубројната македонска заедница биде достојно претставен” рече Гордан Јорданов. 
 
“Исполнет сум со радост и гордост, за отварањето на новата организација на ОМД во Шведска, знаејќи го длабокото влијание што оваа организација ќе го има врз Македонската заедница во Шведска, низ Скандинавија и низ целата Европска Унија. Заедно, ќе ги зајакнеме нашите врски , ќе го зачуваме нашето наследство и ќе го отвориме патот за посветла иднина на нашата македонска младина “. рече Стојан Николов, Потпретседател за глобални операции на ОМД
 
“Како Македонка и човек кој ги претставува интересите на Македонија насекаде низ Скандинавија, ова е огромна чест и задоволство за мене и сите основачки членови на организацијата, да ја донесеме и шириме глобалната мисија на ОМД токму во Шведска, земја во која македонската заедница има долга историја и континуитет. Заедно ќе ги отвориме вратите на сите македонци да ги прикажат своите квалитети и придонесат во поврзувањето на културите на двете држави” рече Ко-основачот и Претседател на ОМД Шведска, Мирјана Наумоска
 

1omd

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.