Среда, 11 Септември 2024   
СТИВ ПЉАКАС - АФИРМАТОР НА ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА И ИСЕЛЕНИШТВОТО (3)

2 copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Стив Пљакас, или Стево Пљаков, како што тој милува да се претстави е канадски Македонец, или македонски Канаѓанец по потекло од убавото македонско село Зелениче, Леринско, од егејскиот дел на Македонија. Тој е исклучително позната, призната и неодминлива личност меѓу Македонците во Канада и Соединетите Американски Држави.

Бизнисменот Стив Пљакас е еден од најистакнатите Македонци кои се иницијатори, организатори и големи борци за афирмација и за одбрана на македонското многувековно име, на Македонците ширум светот, Македонската православна црква и на духовниот живот чии корени датираат уште од мисијата на апостол Павле во македонската земја, уште пред две илјади години.

Тој е човекот кој со многу чувства и родољубие гледа и на сѐ она што е поврзано со неговата дедовска земја, етничка Македонија. Во исто време, тој е бранителот и афирматорот на историјата и честа на македонскиот народ и Македонија во светот, посебно во Канада, а во последните години и во Соединетите Американски Држави (на Флорида), каде престојува во зимските месеци од годината.

Стив Пљакас е особено активен во промовирањето на демократијата во Македонија за заштита на македонското име, знаме, Устав и промотор за признавање на Македонија како суверена, независна и самостојна држава на Балканот и на македонската вистина во светот. Тој се гордее дека е Македонец. Исто така, бизнисменот Стив Пљакас остварува блиски контакти со повеќе познати личности, дипломати и организации во светот во врска со моменталните настани и состојби во татковината и се бори за просперитетна иднина на Македонија.

Стив Пљакас е човекот на кого Македонија му е големата љубов. Тој не отстапува и го брани сѐ она што е поврзано со античка Македонија. Со неговата посветеност за зачувување на древните македонски корени, насекаде во светот ја раширил вистината за античка Македонија. Меѓу другото, заедно со професорот Мајкл Димитри се првите ентузијасти кои во 1995 година ги посетија и ги открија Калешите, народ кој се смета за потомок на Александар III Македонски (Велики) во Пакистан.

22 copy copy copy copy

Работата и многугодишниот најразновиден ангажман со силен порив и признателност во македонска заедница во Канада, а и на Флорида, е поттик и пример како се афирмираат националните достоинства на северноамериканските простори.

Во импресивниот биланс, меѓу другото, се сместуваат организирањето на хуманитарни активности за спонзорирање на истражувачки работи од областа на историјата, културата, духовното живеење, спортот, собирите, пикниците и други активности за голема промоција и за исклучителна презентација на Македонците во дијаспората.

 По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Пљакас активно се вклучува во македонската политичка сцена, а на меѓународен план е еден од најголемите борци за зачувување и негување на националните интереси на Македонците во Македонија, на Балканот и ширум светот.

При што особено внимание посветува на националниот и заедничкиот напредок и соживот на сите Македонци, без разлика на нивните политички, религиозни и други разлики по место на раѓање и живеење. Затоа, постојано вели дека ние ја имаме само Македонија, која за сите Македонци е една и единствена.

 Во овие мигови на распетие на Македонија, кога Република Македонија е меѓународно призната, иако не под нејзиното уставно име, тој ги изложува своите погледи за нејзиниот натамошен демократски развој како суверена, самостојна и независна држава на овие балкански ветрометини.

Стив Пљакас, многу одамна, стана член а подоцна и претседател на организацијата „Обединети Македонци“ во Торонто, една од најстарите македонски организации во Северна Америка.

Во времето кога беше претседател се одржаа Средбите на протераните Македонци од егејскиот дел на Македонија Потоа, беше претседател на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Исто така, беше претседател и креатор на Комитетот за олимписки игри од Канада, кој даде значајна финансиска помош. Тој ги финансираше Канадско-Македонските атлетичари за да се натпреваруваат со Македонците олимпијци на олимпијадите во 2004 година во Атина, и во 2008 година во Пекинг.

Стив Пљакас е човекот кој го носеше македонското знаме пред македонските спортисти на двете олимпијади и беше најсреќниот Македонец во светот.

Меѓу другите активности во новата, средина во Канада, Стив Пљакас стана член на масонската ложа во Њумаркет. И како масон е познат поборник за човековите права, а со тоа и за правата на Македонците во Канада и во сите делови на Македонија и во светот.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Уни

Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европска...

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО ПЕТРОПОЛИС – ЦЕНТАРОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ИМПЕРИЈА И БОГАТСТВОТО (3)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.