Среда, 09 Октомври 2024   
НОВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД 69“- ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

                                     111 copy copy

Списанието „Повод“ бр. 69  за октомври 2024 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонски иселеник.

Исто така, членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогатиле со поетски содржини посвети на дедовските корени во Македонија и на нивната прва татковина – Македонија, за која пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.

Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Димче Џајкоски. Тој е роден на 13.11.1958 година во познатото село  Велестово, сместено во пазувите на Галичица над Охрид и кое често го нарекуваат „село на поезијата“. Живее и работи во Сиднеј од 1979 година. Со пишување поезија се занимава уште од раните школски години. Тој е активен во македонската заедница со самото доселување: членува во МЛД „Григор Прличев“ каде повеќе години завземал функција на заменик претседател, претседател на Одборот за организирање Денови на македонската култура, а бил и во други македонски асоцијации, во кои постигнал завидни резултати,

Со поезија е застапен во зборниците: „Видици“ (1984), „Поетски иселенички меридијани“ (1996), „Коти на копнеж и страст“ (2003), „Macedonian Poetry in Australia“ (1996), “Reunion” (2003). Автор е на збирките поезија: „Времетечение“ (1995) и i„Времепатение“ (1997). Додека во овој број од списанието „Повод“ е застапен со песните: „Македонска голгота“, „Жива рана“ и „Дете“.

Во продолжение со свои поетски остварувања се застапени Иван Трпоски со песната „Октомвриски белег“, Ристо Галевски со „Македонија вечна мила“, Славица Ристеска со „На Македонија“, Перо Дамчевски – Коцин со „Карпалак“, Гроздан Јовановски со „Древна земјо македонска“, Гордана Димовска“ со „Независна и вечна“, Оливера Јовановска со „Моја татковино горда Македонијо“, Саво Костадиновски со „Кога пишувам песна за Македонија“ и Христија Ангел Јовановски со песната „Горда низ вековите“.

Посебен простор е посветен на текст за новата делото во електронска форма насловено „Меѓу партизаните на Маркос“ од познатиот српски писател и новинар со еврејско потекло Оскар Давичо. Таа е „Книга со сензационални сведоштва за теророт врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија“.

Инаку, Оскар Давичо (роден во 1909, а починал во 1989 година) бил голем вљубеник во егејскиот дел на Македонија и во 1947 година во екот на Граѓанската војна во Грција, заедно со група странски новинари, во рамките на Комисијата на Обединетите нации, го посетил егејскиот дел на Македонија, по што своите доживувања и записи ги објавил во обемна книга од близу 400 страници, која досега не беше објавена во Македонија. Во книгата, освен описите на градовите и селата во егејскиот дел на Македонија и луѓето во нив, објавени се и сензационални сведоштва од граѓанската војна во егејскиот дел на Македонија!

Меѓу нив објавено е и досега непознато во нашата јавност интервју со генерал Маркос од 1947 година во кое тој јасно ги признава Македонците како посебна нација! Објавени се интервјуа и со други команданти на ДАГ, кои исто така јасно сведочат за постоењето на Македонците во егејскиот дел на Македонија, а сведочат и за теророт што Македонците го доживувале од сите грчки влади по Балканските војни, па наваму. Во книгата се интервјуирани и Македонци борци на ДАГ кои јасно се декларираат како Македонци.

Книгата од Оскар Давичо била објавена на српски јазик во 1947 година, но по само неколку месеци, во 1948 година, книгата била забранета во тогашна Југославија поради судирот помеѓу Тито и Сталин и поддршката на генерал Маркос на Сталин.

Благодарение на македонскиот историчар и писател Александар Донски книгата е пронајдена и од неа за прв пат на македонски јазик е објавен избор од најударните стотина страници. Потоа, по иницијатива на Донски, овие вредни историски податоци се преведени и на англиски јазик со цел по електронски пат да бидат испраќани на странските субјекти.

Исто така, во овој број на „Повод“ Ристо Стефов го објавува текстот по наслов „Who are the Modern Greeks” („Кој се современите Грци“), на англиски јазик, во кој, меѓу другото, се вели: „Драги Македонци, еден начин да се одбраниме од грчкиот напад и да го вратиме назад нашиот идентитет и достоинство е да се бориме до нивото на кое Грците нè спуштија; тоа е да го нападнете нивниот идентитет како што тие го нападнаа нашиот. Ништо не треба да им докажуваме освен да разоткриваме дека тие имаат вештачки идентитет, кои навистина го имаат, меѓутоа тие сакаат да не избришат за да го узурпираат нашето македонско наследство.

Грците  тврдат дека цела географска и историска Македонија е грчка, тогаш современите  Грците ќе треба да покажат дополнителен доказ за (1) зошто не ги регистрирале своите побарувања во текот на потпишувањето на Букурешкиот договор од 1913 година и (2) зошто тие при поделбата на Македонија доброволно им дозволија на Србија и Бугарија да земат 49% од македонските територии.

На крајот авторот Риато Стефов вели дека неговата цел во оваа книга е да покаже дека современите Грци не само што немаат право на тоа македонско наследство, туки и  не треба ни да имаат право да се нарекуваат Грци. Под високо полираниот „современ грчки фурнир“ се крие вештачки создадена нација конструирана од коски и пепел на македонската, албанската, влашката и турската култура што некогаш цветале на тие простори.

Во продолжение поранешниот пратеник во Собранието на Република Македонија Трајче Димков го презентира текстот на Александар Донски за промовирањето на книгата „Меѓу партизаните на Маркос“ во телевизискиот пренос во живо. Во текстот се вели дека на денот на македонската државност 8 септември во Штип била одржана традиционалната свеченост организирана од Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија.

Целата манифестација била пренесувана во живо од регионалната М-нет од Штип, која има гледанаост од повеќе десетици илјади граѓани на Република Македонија, а може да се следи и преку социјалните мрежи.

Во продолжение е поместен текстот на Милчо Јованоски кој се однесува на промовирањето на стихозбирката „Секојдневен ореол“ од Оливера Јовановска  и текстот на Фиданка Танаскова за книгата ,,Аманети за битолчани“ од авторките Оливера Јовановска и Вера М. Самарјанин.

Посебно место имаат текстовите за романот „Ако се родат некакви чувства“ на Блаже Миневски кој ја освои годинешната награда на ДПМ за најдобра прозна книга и информацијата дека излезе од печат книгата „Избрани песни“, на англиски јазик од Славе Ѓорѓо Димоски. Потоа се поместени песната „Има еден голем ден – Илинден“ од Виолета Аларова и песната „Аманет илинденски“ (За Питу Гули и неговата чета) од Биби Челик.

Во текстот на Фиданка Танаскова под наслов „Македонско културно наследство – во светската ризница“, меѓу другото, се вели дека библиска Македонија распослана на Балканот, и не случајно наречена – земјата на Сонцето, ја краси непроценливо милениумско културно богатство, а дел од него е впишано и опишано и во светските ризници и науки, како значајно културно наследство. Македонија ја красат многуте природни убавини, прекрасни духовни светилишта, села и градови, раскошните планини и полиња, ја красат езера, кои се меѓу најстарите во Европа, а илјадниците археолошки предмети од векутума се непорекливиот сведок за многувечноста македонска.

Во продолжение е поместен текстот на авторот на овие редови, Славе Катин, под наслов „Од активностите на Американско-канадско-македонската црковна епархија“, а се однесува на одржувањето на јубилејниот 50 - ти Црковно народниот собир во Македонската православна црква „Свети Петар и Павле “ во Гери, Индијана, во САД, како и текстот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и НПО Крсте Мисирков кои го најавуваат Вториот Солунски форум за човекови права, кој ќе се одржи на 19 октомври 2024 година, во Солун, Грција (Егејска Македонија).

Посебен простор во овој број е посветен на инфомацијата коаја се однесува на Македонците кои станаа  општински советниви во локалната власт во Нов Јужен Велс, а тоа се: Луи Стефановски, Крис Саравиновски, Боб Петрески, Оливер Димовски, Стево Ташковски и Стефан Николовски, како и на одбележувањето на 40 годишнината на училиштето каде се негува македонскиот јазик и традициите во Лајор Норт во Мелбурн.

 Во бројот 69 на списанието „Повод“ се поместени текстовите „За тебе мајко“ од Гордана Димовска и „Соработка со дијаспората“ од Биљана Челик. Исто така, е поместен текстот  од Славе Катин за поетот Бошко Рајчовски-Пелистерски под наслов „Македонија – една и единствена партија“. Во текстот се вели дека Бошко е успешен Македонец во САД кој дава јасен белег за македонскиот феномен печалбарството и за општеството во кое се интегрирале Македонците во светот. Бошко Рајчовски-Пелистерски новинар и поет, како и  презентер на големиот број аспекти во дијаспората од културата, литературата, јазикот, журналистиката, историјата, науката и религијата,

Во продолжение се поместени текстовите под наслов „Македонците – пионерите во заштитеното подводно нуркање“ од  Александар Донски, „Легенда за Света Ирина“ од Гордана Димовска, „Домашно природно лечење на настинка“ приредено од Мена Ристевска и рубриката „Еден поет, една песна“ што ја подготвил Иван Трпоски со песната „Севдалинка“ од Никола Стилковски.

И на крајот во бројот 69 на списанието „Повод“ е даден историскиот разво на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, кое 45 години промовира македонска литература, 44 години има библиотекарски услуги, а 39 години врши издавачка дејност. Исто така, е дадено Соопштението за традиционалниот награден конкурс „Прличева награ“ за поезија и проза за возрасни и деца.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.